Новиот министер за внатрешни работи на Италија и лидер на Северната лига, Матео Салвини, објави дека новата италијанска Влада ќе заземе поцврст став кон бегалците. Тој најавил дека ќе го намали бројот на тие кои пристигнуваат во Италија и истовремено ќе започне процес на враќање на веќе пристигнатите.
„Италија повеќе нема да биде логор за бегалци на Европа, изјавил Салвини во радио интервју. Тој додал дека Италија бара содејство со партнерите во ЕУ за да добие повеќе помош. И истакнал дека или Европа повеќе ќе и помогне на Италија или ќе примени други методи.
Ограничување на имиграцијата и бегалскиот бран и строга контрола врз овие процеси, се едно од предизборните ветувања на Северната лига која го зазеде второто место на листата политички партии во Италија по парламентарните избори. Интересно е што на изборите Лигата добила 17 отсто гласови, а сега според анкетите има поддршка од 28 отсто Италијанци.
Италијанскиот министер се осврна и на улогата на Џорџ Сорос нарекувајќи го „бескрупулозен“ и „шпекулант“. Причина за овие зборови се изјавите на стариот Сорос дека Владимир Путин ја финасира Лигата. Сосрос изразил и загриженост поради залагањето на новата италијанска влада за омекнување на санкциите кон Русија.
„Никогаш не сме добиле ниту едно евро, долар или рубља од Путин“, изјавил Салвини и додал дека го смета Путин за еден од најдобрите државници на светот.