Јас очекувам сите политички партии здружено ќе ко поддржат доктор Влатко Грозданов и очекувам сите да застанат позади неговата кандидатура и ценам, како човек, како лик кој што е од градот, докторот заедно со сите политички парти може да направи многу за Кочани после онаа ужасна трагедија која што ни се случи, изјави денеска премиерот Христија Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на поддршката на натпартискиот кандидат за градоначалник за општина Кочани доктор Влатко Грозданов.
Мицкоски ги повика сите политички партии да застанат зад кандидатурата на Грозданов како натпартиска личност за општина Кочани.
-Ние како ВМРО-ДПМНЕ сме подготвени, сите оние кои што сакаат да ја поддржат, заеднички да застанеме зад натпартиска личност, немаме, нити па пледираме да ние бидеме тие кои што го имаме ексклузивното на оваа натпартиска кандидатура. Ги повикувам сите политички партии да застанат позади кандидатурата и заедно да го избереме за доброто на Кочани и за доброто на регионот, рече Мицкоски.