„Помлад човек, се јавува со проблем само неколку дена по примањето на Фајзер вакцината. Доаѓа во болница. Починал во рок од 8 часа откако бил примен во болница. Јас сум кардиолог. Можам да ви кажам дека тоа не се случува ниту со срцеви удари. Умира во рок од осум часа. Ги испитав сите слајдови и сликите што ни ги покажаа Корејците. Изгледаше како некој да го изгорил тоа срце. Беше толку целосно изгорено од воспаление. Неговото срце беше уништено. Потоа Гил и колегите од Конетикат објавија еден случај во „Архива на патологија“. Две момчиња на возраст од 16 и 17 години кои умираат неколку дена по примињата на Фајзер. Ова се тинејџери. Пронајдени се мртви дома од нивните родители. Тие побарале обдукција. Се јавуваат во Универзитетот во Мичиген и Универзитетот во Минесота за да проверат што пронашле на обдукцијата. Заклучок, тоа е миокардитис предизвикан од вакцината на Фајзер за КОВИД-19. Ова се случаи потврдени со обдукција, сведочи д-р Питер МекКалоу во Сенатот на САД.
Ова е дел од сведочењето на неколкумина специјалисти од областа на медицината во Сенатот на САД, пред Комисијата со која претседава републиканецот Рон Џонсон. Нивните сведочења се однесуваат на штетното дејство на мНРА КОВИД вакцините, пред се Фајзер и Модерна, и нивната вина за предизвикување на миокардитис кој остава трајни оштетувања на срцето, а во низа случаи кои се наведуваат во сведоштвата на лекарите, води и до смрт. Седницата траела повеќе од три часа, но ова се клучните моменти од нејзе.
Напоменуваме дека сите сведоштва се дадени пред заклетва, а сведоците се угледни лекари во САД од кои некои беа репресирани затоа што се кренаа против Антони Фаучи и американската агенција за лекови ФДА која дозволи непроверна вакцина за да се вбризгува во милиони луѓе. Ниту еден од овие лекари не е антиваксер, но сите до еден сметаат дека овој случај не се работи за вакцини, туку за генски инструметн кој го загрозува здравјето на луѓето, а долгорочните последици не се познати. Сите тие зборуваат за своите искуства и сознанија, откако се соочиле со илјадници и илјадници пациенти. Нивното сведоштво станува посебно значајно откако се откри дека спајк протеинот од КОВИД вакцината навлегува во човечката ДНК, (што за МИА го откри д-р Николас Халшер), што се смета за незамисливо и невозможно, го гаси хромозот 19 одговорен за имунолошкиот систем и води кон појава и раст на канцер.
Сенатор Џонсон
Сите станете и кренете ја десната рака. Дали се колнете дека сведоштвото што треба да го дадете пред овој поткомитет е вистина, целосна вистина и ништо друго освен вистина, па нека ви е на помош Бог? Ве молам, седнете.
Нашиот прв сведок е д-р Питер МекКалоу. Д-р МекКалоу е интернист, кардиолог и епидемиолог од Далас, Тексас. Тој има објавено широки трудови со над 700 цитати во Националната медицинска библиотека. Сведочел повеќе пати во Сенатот на САД, Претставничкиот дом на САД, Европскиот парламент и многу државни престолнини во врска со политиката за јавно здравје.
Д-р МекКaлоу:
Претседавач Џонсон, сенаторе Блументал, членови на поткомисијата, чест ми е да ги презентирам моите сознанија, мојата анализа, моето клиничко искуство на оваа многу важна тема. Првиот пат кога сведочев на Одделот за внатрешна безбедност и владини работи, пред да излезат зборови од уста, демократскиот сенатор Гари Питерс рече: „Ова е дезинформација“. Јас дури и не знаев за што зборува. Никогаш порано не го слушнав тој термин во академската медицина или на важни дискусии. Тоа е 19 ноември 2020 година.
Што правеше тој? Користеше стара комунистичка пропагандна техника. Се обидуваше да стекне влијание врз мене пред да излезе збор од мене. Никогаш не треба да дозволиме нашите јавни службеници да се обидуваат да стекнуваат влијание врз некого што доаѓа во Вашингтон за да ѝ помогне на нацијата по важно прашање.
Јас сум интернист. Јас сум кардиолог. Верувам дека сум најобјавуваната личност која некогаш сведочела за прашања поврзани со COVID-19 на кое било од овие сослушувања. Видов и прегледав повеќе пациенти. Испитав повеќе податоци. И јас сум една од најобјавуваните личности на оваа тема во светот. И како кардиолог, можам да ви кажам дека мојата улога во ова беше да се борам против болести, да го зачувам животот и пред сè, да не правам штета. Не нанесувајте штета – е златното правило.
Сега, темата денес е миокардитис или оштетување на срцето од вакцините против КОВИД-19. Јас сум кардиолог. Добро ја познавам темата. Прегледав илјадници пациенти со овој проблем. Илјадници. Пред пандемијата, имав двајца пациенти со овој проблем. А, сега има 1.665 трудови за миокардитис предизвикан од вакцина против КОВИД.
Да сумираме. Првиот алармантен случај што ми привлече внимание е од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис, на 18 август 2021 година. Автор е Верма и неговите колеги, New England Journal of Medicine. 42-годишен маж доаѓа во Универзитетската болница во Вашингтон со миокардитис предизвикан од вакцината. Инфекцијата е исклучена. Работата е во вакцината. Тој е во болница. Ова е една од најдобрите болници во Соединетите Американски Држави. Тој почина 3 дена по примањето на Модерна. Не можеа да го спасат во болницата.
Потоа, д-р Чој и неговите колеги пријавија еден случај од Кореја. Помлад човек, се јавува со проблем само неколку дена по примањето на Фајзер вакцината. Доаѓа во болница. Починал во рок од 8 часа откако бил примен во болница. Јас сум кардиолог. Можам да ви кажам дека тоа не се случува ниту со срцеви удари. Умира во рок од осум часа. Ги испитав сите слајдови и сликите што ни ги покажаа Корејците. Изгледаше како некој да го изгорил тоа срце. Беше толку целосно изгорено од воспаление. Неговото срце беше уништено.
Овие случаи, кои беа широко познати во тоа време, требаше да го привлечат вниманието на сите. Сите требаше да бидат фокусирани на ова. Никогаш не треба да дозволиме некој да умре по примање вакцина. Тоа е директно предизвикано од вакцината. Потоа Гил и колегите од Конетикат објавија еден случај во „Архива на патологија“. Две момчиња на возраст од 16 и 17 години кои умираат неколку дена по примињата на Фајзер. Ова се тинејџери. Пронајдени се мртви дома од нивните родители. Тие побарале обдукција. Се јавуваат во Универзитетот во Мичиген и Универзитетот во Минесота за да проверат што пронашле на обдукцијата. Заклучок, тоа е миокардитис предизвикан од вакцината на Фајзер за КОВИД-19. Ова се случаи потврдени со обдукција.
Да ги прашам сите мајки во просторијава, како би се чувствувале ако ги најдат своите деца мртви откако примиле вакцина против КОВИД-19? Ова е во рецензирана литература. Ова не е дезинформација. Секој треба да обрне внимание на ова. Ова не е претпоставка. Ова е во рецензирана литература. Па почнавме да се прашуваме, што се случува?
Се испостави дека Фајзер, Модерна и Јансен се генетскиот код за протеинот „спајк“. Протеинот „спајк“ е штетниот дел од вирусот. Протеинот „спајк“ се внесува во телото и предизвикува огромна штета. Огромното оштетување кај некои акутни миокардитиси се чини дека имаат одредена генетска предиспозиција, а дополнителни – сите ампули со вакцината не се исти. Но, можам да ви кажам дека сум загрижен дека сè додека не се прекинат вакцините, ќе има случаи на акутен миокардитис.
И за крај, само оваа година имавме 216 смртни случаи од вакцинација. Значи, ако кампањата за вакцинација продолжи, мора да видиме што добиваме од неа сега, четири и пол години по кампањата, и колку повеќе луѓе ќе умрат. Јас сум д-р Питер МекКалоу. Ви благодарам што ме сослушавте.
Сенатор Џонсон:
Ви благодарам д-р МекКалоу. Нашиот следен сведок е д-р Џордан Вон. Д-р Вон е лекар и клинички истражувач во Бирмингем, Алабама. Како сопственик и извршен директор на клиниките „МедХелп“ , д-р Вон ја насочи својата организација кон водечката предност на раниот амбулантски третман на КОВИД-19 за неговите пациенти и пошироката заедница во Бирмингем. Д-р Вон лекувал над 4.000 пациенти со долготрајни здравствени нарушувања од КОВИД 19 и вакцина против КОВИД. Д-р Вон, повелете.
Д-р Вон:
Ви благодарам. Претседателе Џонсон и сенаторе Блументал, ви благодарам што ме поканивте. Ќе се надоврзам малку на она што го кажа д-р МекКалоу. И едно од нештата што, како клиничар, кој има околу 200 луѓе кои работат за него и прегледувал околу 170.000 пациенти годишно, можам да кажам дека кога се појави КОВИД-19, морав навистина да сфатам како не само да им помогнам на моите вработени и да се осигурам дека се безбедни, туку и да им помогнам на пациентите за кои мојата здравствена организација беше одговорна. И тоа навистина ме натера да го продлабочам разбирањето на патологијата. И она што го добив беше разбирањето дека протеинот „спајк“, поточно подгрупата S1, не е бениген протеин. Тој предизвикува воспаление. Ги нарушува ендотелните бариери. Индуцира фибрин отпорен на распаѓање и промовира многу амилоидни агрегати, што е она што го истражувам. Овие ефекти го нарушуваат доставувањето на кислород, ги оштетуваат крвните садови, придонесуваат за патологии на коагулација што се манифестираат со многу од симптомите што ги гледаме кај долготрајните повреди од КОВИД и од вакцините против КОВИД, што до ден-денес е огромен број луѓе. Зборуваме за над 10 до 15 милиони луѓе во Америка кои се долготрајно се погодени од последиците од КОВИД-19 или од вакцинацијата.
А типичните симптоми се: забрзано чукање на срцето, магла во мозокот, отежнато дишење и малаксаност по напор. Во мојата клиника, всушност користам имунофлуоресцентна микроскопија за да можам да видам што се случува во крвта и да ги барам овие амилоидни агрегати. Некои пациенти се на тинејџерска возраст, а не се во состојба да стојат. Други се претходно активни возрасни лица кои претрпеле мали мозочни удари без типични препознатливи причини. Ова не се апстрактни теории. Тие се реалноста на моите пациенти во Алабама и пошироко.
Вакцината mRNA, најавена како решение, воведе нов механизам: липидни наночестички кои испорачуваат модифицирана mRNA која им дава инструкции на клетките да произведат стабилизиран спајк протеин. За разлика од традиционалните вакцини, овој пристап резултираше со неконтролирано производство на спајк протеинот за непознато времетраење и го дистрибуираше широко низ органите, вклучувајќи го срцето, мозокот и васкулатурата, јајниците и тестисите. За вакцината на Фајзер е забележана биодистрибуција надвор од местото на инјектирање, што е спротивно на тврдењата дека вакцината останува во раката, а неодамнешна револуционерна студија со употреба на прецизна идентификација на наночестички од единечни клетки откри акумулација на LNP во срцевото ткиво кај глувци со негативни протеомски промени во имунолошките и васкуларните протеини, што предизвикува загриженост за срцевите компликации што се совпаѓаат со она што го гледавме кога го разгледувавме миокардитисот од вакцината против КОВИД 19.
Ќе кажам дека мојата прва средба со повреда од вакцината се случи во зимата 2021 година. 69-годишен маж од Алабама се јави со необјаснето отежнато дишење. Тој беше мој пациент. Навистина немав друга причина зошто има отежнато дишење. А го добил по втората доза на Фајзер вакцината. Не можев да го сфатам тоа во извесна смисла, бидејќи обично би било дека има белодробна емболија, но емпириската антикоагулација и антитромбоцитната терапија донесоа брзо подобрување. Овој случај поттикна подлабоко истражување дека способноста на спајк протеинот да индуцира фибрин кој е отпорен на распаѓање, неповратно да ги активира тромбоцитите и да ја оштети внатрешноста на нашите крвни садови, крвни садови што течат до секој дел од нашето тело и секој орган, ги објасни неговите симптоми и симптомите на илјадници други.
Лекував приближно 4.000 пациенти кои страдаат од долготрајна здравствена повреда од КОВИД и од вакцината, или и од двете, а многумина беа млади и претходно здрави. Кај оние со здравствената повреда од вакцина, довербата во јавните институции е разнишана. Многумина беа принудени според федералните наредби од август 2021 година. И покрај оправданите двоумења поради претходна инфекција или ризик по личното здравје, тие го познаваа своето тело подобро од агенциите. Сега онеспособени, тие се отфрлени или игнорирани од системите што ја наметнаа нивната вакцинација.
Сигналот за миокардитис беше исто така голем проблем. Во пролетта 2021 година, се појави јасен безбедносен сигнал: миокардитис кај млади мажи поврзан со вакцини со mRNA. Министерството за одбрана потврди случаи на ретко срцево воспаление, а рецензираните студии подоцна открија циркулирачки протеини во случаи на миокардитис по вакцинацијата. Наодите од обдукцијата потврдија фатален миокардитис предизвикан од вакцинацијата. Сепак, федералните власти го забрзаа лиценцирањето и ги ставија настрана загриженостите. Двоумењето на ЦДЦ (Центар за болести на САД) да издаде здравствено предупредување за миокардитис и поранешниот директор на Центарот за биолошка евалуација и истражувања на ФДС кој ги промовираше вакцините на социјалните медиуми, ја преминаа линијата од надзор над вакцините за КОВИД до застапување за тие вакцини. Ова не беше регулатива. Тоа беше одобрување.
Информираната согласност е основа на односот помеѓу пациентот и лекарот. Доколку регулаторите не ги обезбедат тие информации, тој однос е непоправливо оштетен и практиката на медицината ќе продолжи да страда… Ви благодарам. Ги прифаќам вашите прашања.
Сенатор Џонсон:
Ви благодарам, д-р Вон.
фото: принтскрин