Најбрзиот воз во светот, „ЦР-450“ почна со серијата пробни возења на брзата железница во Кина. За почеток, тој достигна брзина од 453 километри на час.
Серијата возови дизајнирани за максимална тест-брзина од 450 км/ч и комерцијална брзина од 400 км/ч, моментно се подложени на квалификациски тестови на брзата железница што го поврзува источниот град Шангај со западниот град Ченгду, објави „Шинхуа“.
Брзиот воз достигнува забрзување од 350 км/ч за само четири минути и 40 секунди.