Намаленото либидо може да доведе до напнатост во односот меѓу партнерите. Лукот е последното нешто, што човек би го земал пред да се оддаде на интимност, Но, тој зеленчук со специфичен мирис се препорачува од експерти за подобрување на сексуалната желба. Босилекот има сличен ефект, велат меѓународни експерти.
Ароматичниот зачин се користи илјадници години во алтернативната медицина.
Босилекот содржи флавоноиди, кои се особено корисни за мажи, кои страдаат од еректилна дисфункција. Истражување на специјалисти од Универзитетот Харвард покажало дека претставниците на посилниот пол, кои консумирале храна богата со флавоноиди најмалку три пати неделно, поретко страдале од проблеми со половата моќ со стареењето.
Лукот содржи алицин, кој го подобрува протокот на крв во пределот на гениталиите и соодветно придонесува за зголемување на либидото.