Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 8 степени.
Според прогнозата на УХМР, под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
-Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Изутринава најстудено беше во Скопје-Петровец, Битола, Струмица и Берово, каде е измерена минимална температура од-4 степени Целзиусови, а најтопло во Крушево со измерени 4 степени Целзиусови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Тетово, Велес и Демир Капија изутринава се измерени-3, во Скопје – Зајчев Рид, Куманово, Штип, Кавадарци и Прилеп-2, во Претор и Маврови Анови 0, во Крива Паланка, Гевгелија, Виница и Попова Шапка 1 степен и во Охрид 2 степени Целзиусови.
Фото: МИА архива




