Д-р Андон ЧИБИШЕВ

(ФБ статус, авторот работи на Клиниката за токсикологија во Скопје)

Денес претпладне кога поминував по улица Илинденска, по делот кај бензинската пумпа на Макпетрол, на фудбалското игралиште трчаа голем број на дечиња на возраст од околу 7 до 10 години. Не знам чија идеја е на ваков ден кога загадувањето е екстремно децата да трчаат, да се изложуваат на физички напор кога и дишењето е поинтензивно и труењето со присутните отровни гасови во амбиенталниот воздух можат да бидат посериозни.
Едноставно, можеа да ги одложат денешните натпревари или тренинзи.