Францускиот информативен канал „БФМ ТВ“ (BFM TV) објави снимка која го прикажува точниот момент на избувнување на пожарот во ноќниот клуб во Кран-Монтана.
На снимката се гледаат кренати шишиња со шампањ опремени со пиротехнички свеќи, чии искри го палат акустичниот сунѓер на таванот.
Швајцарскиот медиум „Блик“ (Blick) исто така објави видео, снимено неколку секунди подоцна, кое ја демонстрира брзината со која се ширел огнот.
Додека од таванот паѓале бројни искри, присутните гости ја снимале сцената, првично не покажувајќи сериозна загриженост. На снимката се гледа и неуспешен обид на едно лице да го изгасне пламенот со дел од облека.
фото: принтскрин




