Првите десет дена од јануари во Црна Гора се најстудени од 1949 година.

– Според податоците на метеоролошките станици, средната температура на воздухот е пониска од просечната во сите места во Црна Гора. Првата декада од јануари ова година претставува куриозитет, бидејќи е постудена од просекот, изјави метеорологот Драган Буриќ.

Во Подгорица, на пример, средната десетдневна температура е пониска за околу 2,5 степени во однос на соодветната климатска нормала. На некои места на приморјето и северниот дел од државата првата декада е постудена за околу 3,5 степени Целзиусови од просекот.

– Всушност, оваа прва декада е една од најстудените во Црна Гора од 1949 година, изјави Буриќ за Радио телевизија Црна Гора.

Тој потсети дека снегот што падна годинава е првиот во некои делови на земјата по девет години.