Ова е дел од интервјуто минатата година на Такер Карлсон со д-р Патрик Сун Шионг. Д-р Шионг 50 години се занимава со проучување на канцерот и од изумување и продажба на лекови има стекнато богатство од 10 милијарди долари. Но, после неколку децении тој всушност смета дека начинот на лечење е тотално погрешен. Нтговиот метод се заснова на активирање на природните клетки убијци, со помош на протеинот ИЛ 15. Тој успеал да постигне, со неговиот лек наречен Анктива, да го внесе ИЛ 15 во организмот и тој да остане активен седум дена, што е доволно да ги разбуди природните клетки убијци. ФДА се обидувала да го постигне истото, но успеала да постигне ИЛ 15 да биде активен само два часа, што е недоволно да ги разбуди природните клетки. во овој сегмент од интервјуто, тој објаснува како да видите во кој степен се активни вашите клетки кои, како што тој вели се подарок од Господ, преку обична крвна слика, нешто што според неговото тврдење, онколозите го игнорираат.
Патрик СУН ШИОНГ: Земете телефон и свртете на било кој онколог, без намера да го омаловажувате и прашајте го: Вие им правите крвна слика на пациентите, така? На луѓето им е јасно тоа, нели? Тоа е онаа епрувета со црвени крвни зрнца. И ние даваме хемотарапија, радиозрачење. И прашајте го, што гледаме во крвната слика.
Па, гледаме дали сте анемични. За да ви дадеме лек „епоген“ ако сте анемични. Гледаме дали ви се ниски крвните плочки, за да ви дадеме трансфузија ако крвните плочки се ниски. Гледате дали неутрофилите ви се ниски за да не добиете инфекција наречена неутрофилна треска, па ви даваме „драгоген“.
Но, прашањето е дали црвените крвни клетки лечат канцер? Не! Дали крвните плочки лечат канцер? Не! Дали неутрофилите лечат канцер? Не!
Што го убива канцерот? Природните клетки убијци и Т клетките. И, во крвната слика има една работа што се вика „лимфоцити“, така? И прашајте го дали ги гледа лимфоцитите? Не! Единствената клетка што е важна и која ги убива канцер клетките – 99,9 отсто од онколозите не ја гледаат нејзината вредност во крвната слика.
Такер КАРЛСОН: Добро, ако сте онклог или некој што се бори со канцерот, зошто ја игнорирате единствената клетка која го убива канцерот?
ШИОНГ: Би сакал да го знам одговорот на тоа.
КАРЛСОН: Ова ми изгледа мистериозно. Дали нешто пропуштам?
ШИОНГ: Точно. Тоа е линкот што ни недостига. Тоа е финалната фронтална линија. Тоа е Господовата формула. Тоа е клучниот елемент во телото што го промашуваме 50 години. Но, има уште нешто полошо од тоа. Овој линк што ни недостасува ние го уништуваме со хемотерапија. Го уништуваме со радиотерапија. Го уништуваме со стероиоди. А токму тоа им го даваме на пациентите. Дали јас нешто пропуштам?
(Д-р Шионг зборува за лимфоцитите, чиј составен дел се Т клетките и природните клетки убијци. Проверете ја вредноста на лимфоцитите во вашата крвна слика, посебно ако сте онколошки пациент)



