Синоптичарите за денеска најавуваат слаби локални врнежи од дожд на пониските места, а на повисоките места и на планините од снег.  По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до  5 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи прогнозира дека викендов на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег. В понеделник и во вторник ќе има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег.

– Од денеска до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање, најави УХМР.

Најниска минимална температура изутринава е измерена на Попова Шапка -4 степени, а највисока во Гевгелија 6 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи Скопје.

Во Скопје-Петровец измерена а утринска температура од -3, потоа -2 Тетово и Mаврови Анови, -1 во Штип и Берово, 0 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Демир Капија, Кавадарци и Kрушево, 1 степен во Крива Паланка, Прилеп, Струмица и Велес, 2 во Охрид, Претор и Битола и 3 степени во Виница.

Највисока снежна покривка изутринава е измерена на Попова Шапка – 25 см и Маврови Анови и Крушево по 7 сантиметри.