Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег во некои од повисоките места.
Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 9 степени.
Според прогнозата на УХМР, до крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег. Повремено наместа врнежите ќе бидат пообилни.
-До сабота ќе дува југоисточен и југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе дува засилен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
На Попова Шапка изутрина во 7 часот се измерени -2 степени целзиусови, а снежната покривка изнесува 64 сантиметри. Во Берово и Mаврови Анови 0 степени, 1 во Крива Паланка, Kрушево и Лазарополе, 3 во Претор и Виница, 4 во Охрид, 5 во Тетово, Битола, Прилеп, Штип и Струмица, 6 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес и Кавадарци, 7 во Гевгелија, 8 степени целзиусови во Демир Капија.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека најмногу врнежи во изминатите 24 часа заклучно со 7 часот изутрина наврнале на Попова Шапка, 17 литри на метар квадратен, по што следуваат со 14 Пожаране, 7 Kрушево, 5 Mаврови Анови, 4 Тетово и Струмица, 3 Кавадарци, 2 Претор, Гевгелија и Ѓуриште и по 1 литар во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Битола, Прилеп, Штип, Велес, Виница, Берово, Лазарополе, Пожар-Радовиш.




