Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови во северозападните планински региони ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Во текот на новата седмица ќе преовладува стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови се очекува повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.