Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 3 до 7, а максималните ќе достигнат од 12 до 19 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 2, а максималните ќе достигнат до 17 степени.

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Денеска и во утре утринската температура наместа ќе се спушти под нула и ќе има појава на утрински мразеви. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието.

Од сабота ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и вторник ќе достигнува брзина од 60 km/h. Во петок ноќта кон сабота ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Во вторник во западните делови и во среда на повеќе места ќе има локален дожд и појава на грмежи.

Утрово најниска темепратура од -5 степени Целзиусови е регистрирана на Попова Шапка. Следат Mаврови Анови, Крива Паланка, Берово и Kрушево со 2 степени, -1 Претор, 0 Лазарополе, Тетово, Битола, Охрид, Скопје-Петровец, 1 Струмица, Куманово, 2 Прилеп, Виница, Демир Капија, Штип, Велес, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци и 6 степени во Гевгелија, соопшти УХМР.

Во 8 часот висината на снежната покривка измерена на Попова Шапка е 38 см.

Фото: Архива