Ќе се радува ли Венко на победата на Радев како што инфантилно се радуваше на победата на Маѓар? Дали добрите односи на Филипче со Радев, кој што во моментов е фаворит во Бугарија, ќе биде реприза на унгарската бурлсеска за да СДС и во Софија прогласат победа по победата на Румен во Бугарија на изборите кои што следуваат?
Во гостувањето во „Наткаст“ кај новинарот Љупчо Цветановски, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски даде свое видување на „поврзаноста“ на лидерот на опозициската партија Венко Филипче и Румен Радев.
-Би било логично, и очекувам, особено што Венко Филипче се постави како бесплатен адвокат и како бесплатен амбасадор на Бугарија пишувајќи едно писмо до Европската Унија каде што ги прокламираше токму тезите, за среќа погрешни тези на Бугарија, кодошејќи ја сопствената држава и наштетитувајќи на македонскиот народ. Гледајќи како дејствува во политиката очекувам дека победата на Радев треба да ја прослват и во штабот на СДСМ, изјави Петрушевски.
Пратеникот Петрушевски беша запрашан дали тоа ќе донесе промени и во Македонија? По логиката каде што во некои држави победила опозицијата дека и тоа ќе донесе домино ефект во Македонија.
-Ниту една промена, во ниту една држава вклучително и во Македонија не може да дојдат од надвор. Промената може да дојде само ако е изразена на фер и демократски избори од страна на граѓаните на Македонија и тоа е основен политичли постулат, се друго е замајување, потенцираше Петрушевски во гостувањето во „Наткаст“ кај новинарот Љупчо Цветановски.




