Времето денес сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринските температури ќе се движат од -5 до 5 степени, а дневните од 14 до 25 степени.
Во Скопје сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максимална температура до 24 степени.
Од среда попладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во петок. Од четврток локално ќе има и услови за појава на ретки грмежи. До петок ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а од сабота ветерот ќе го смени правецот во северен.
Утрово најсудено било во Берово каде во 7 часот е измерена температура од 0 степени целзиусови, а најтопло во Виница и Крушево со измерени 8 степени.
Според УХМР, 2 степени се измерени во Битола, 3 Mаврови Анови, Тетово, Струмица, 4 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Претор, Демир Капија, Велес, 5 Охрид, Прилеп, Попова Шапка, Штип, Куманово, и 6 степени во Кавадарци, Гевгелијa, Скопје-Зајчев Рид.




