Д-р Тина Пирс ја изградила својата лекарска кариера како специјалист за менопауза, но во ковид-пандемијата се соочила со нови и неизвесни ситуации, кои ја натерале да го прошири својот фокус и да се бори за пациентите со долготрајни симптоми. Не постојат какви било контроверзии за нејзината стручност, напротив, освен разликите со официјалната медицина во врска со ковидот, мНРА-вакцините и начинот на лекување. Не е антиваксер, далеку од тоа, ниту може да се дискредитира така што ќе ѝ се залепи таква етикета. Д-р Пирс е единствено сконцентрирана на спајк-протеинот, кој го смета за виновник за смртта на многу луѓе, а за кој, како и стотици другу научници, тврди дека е токсичен и канцероген, концентрирана е на вакцините што го принудуваат телото да го произведува и пет години по нивното примање, а вели, можеби и до крајот на животот – никој не знае и тука завршува нејзината приказна за вакцините. Не е пропагатор на тезата дека имунолошкиот систем сам ќе го реши проблемот и нема ниеден антиваксерски став. Таа е врвен специјалист за менопауза и хормонско здравје, а подоцна се фокусира на хистаминска интолеранција, MCAS (синдром на активација на мастоцитите, кои први алармираат дека организмот е нападнат и се причина за бурната реакција на организмот) и на долготраен ковид. Во ова интервју за МИА зборуваме за спајк-протеинот, штетните последици од него, за начинот како да го исчистите телото од него, а дава совет дури и за оние што примиле мНРА-вакцина, а имаат проблем со разредена крв, поради што не може да го применуваат протоколот со натокиназа. Патем, првпат еден научник за македонски медиум дава одговор зошто и како спајк-протеинот создаваше масовни емболии, односно згрутчувања на крвта нудејќи за тоа шокантни докази. Не зборува за миокардитис – омилена тема на д-р Питер Меколих, која често е дискутирана во Сенатот на САД, но открива детали за мозочната смрт од спајкот.

Д-р Пирс, во Вашето последно интервју рековте дека спајк-протеинот е токсичен. Кога тоа го кажавте, мислевте на спајк-протеинот од мНРА-вакцините („Фајзер“, „Модерна“ итн.), на тој од самиот вирус или и во двете варијанти? Всушност, кој спајк-протеин е поопасен: од вакцината или од ковидот?

– И двете се опасни, но полошата е мРНА-вакцината, односно спајк-протеинот што телото потоа го создава откога вакцината го инструира да го прави.

Постојат повеќе причини за тоа. Кога некој ќе ја добие инфекцијата, добива многу помалку спајк-протеини. Изложен е на помал број спајк-протеини при инфекцијата и тоа е главно ограничено на слузницата во носните канали, синусите и горните дишни патишта. Додека, кога луѓето ја примаа мРНА-вакцината, таа беше системска. Значи, беше распространета во целото тело и овие мали „ленти“ од мРНА влегуваа во сите клетки во кои можеа да навлезат, вклучително и во мозокот. Значи, ја поминуваше крвно-мозочната бариера, влегуваше во мозокот, одеше во целото тело. Кажуваа дека вакцината останува во раката, но всушност не беше така. И мислам дека едно од вашите следни прашања ќе го опфати тоа подетално.

МРНА го принудуваше телото да создава спајк-протеин, кој е потоксичен, многу потоксичен од самата инфекција. Содржи нешто наречено pseudouridine (природно изменета форма на нуклеозидот уридин, кој е една од градбените компоненти на РНК, н.з.), што значи дека многу тешко се разградува. Исто така, се покажан дека има секвенции од ХИВ, што очигледно е непожелно да се има во телото. Друга работа што се случи со вакцините против ковид е тоа што сите шишенца што биле испитани од неколку независни лаборатории покажале дека содржат нешто наречено SV40, односно Simian virus 40, кој бил користен при производството на мРНА и е многу канцероген (SV40 – Simian Vacuolating Virus 40, односно полиомавирус, кој првично бил откриен кај мајмуни, но е пронајден и кај луѓе; тоа е ДНК-вирус кој може да предизвика тумори кај животни и е предмет на истражувања за неговата улога кај човекот, н.з.). Значи, тоа е докажано дека го има во сите шишенца. Плус имало и други контаминанти, како плазмид ДНК, што исто така е многу непожелно за човечкиот организам.

Студиите што првично ги правеле производителите биле направени на првиот процес за создавање мРНА и за тој процес добиле лиценци. Но потоа користеле поинаков процес за масовно производство на многу повеќе шишенца, а тој процес немал лиценца. Тој процес 2, како што го нарекуваат, овозможил SV40 и плазмид ДНК да завршат во шишенцата. Значи, тоа навистина не е добра идеја. И двете се токсични, но мРНА е токсична во многу, многу поголем обем.

На пример, кога се давала вакцината на „Фајзер“, содржела 13 милијарди парчиња мРНА, кои потоа го инструирале телото да создава трилиони спајк-протеини. Значи, ова е, знаете, катастрофа.

Зошто вакцината не беше повлечена иако уште во 2021 се знаеше дека се таложи во јајќниците кај жените, а потоа и во целото тело? 

Сега знаеме дека не биле направени никакви биодистрибуциски студии, односно студии за распределба во телото. Значи, „Фајзер“ и другите не направиле студии за да видат точно каде оди тоа и мислам дека не го направиле затоа што точно знаеле каде оди и не сакале да откријат колку се опасни овие работи.

Јапонска група направила некои биодистрибуциски студии уште рано во 2021 година и покажале дека 16 % одело во јајчниците и тестисите, а одреден процент одел во црниот дроб, и ова е апсолутна катастрофа за плодноста. Видовме зголемување на неплодноста од 32 % во сите високо вакцинирани земји. Значи, знаеме дека влијае на плодноста. Можеме да видиме и на биолошко ниво што се случува во тестисите. Бројот на сперматозоиди е намален и нивната подвижност е намалена.

Ова беше покажано во израелска студија, во која учествувале здрави млади мажи од армијата, мислам на возраст од 24 до 26 години. Им направиле тестови за бројот и квалитетот на сперматозоидите пред да примат две вакцини. Потоа повторно ги тестирале и откриле дека имало намалување на подвижноста од 22 % и намалување на бројот на сперматозоиди од 16 % кај овие млади здрави мажи. Значи, очигледно влијае во тестисите врз создавањето и квалитетот на спермата.

Исто така, знаеме, а е напишан и труд, кој сега е достапен за читање на мојата веб-страница. Значи, ако луѓето сакаат да одат на drpeersinstitute.org и да се регистрираат, ќе може да пристапат до содржината. Таму поставивме статија напишана од главниот научник за зајакнат НАЦ (auegemented NAC) од зиро спајк-тимот и тој детално разгледал што точно се случува во ејакулатот, семените везикули и во спермата кога е присутен спајк-протеин, и тоа не се добри вести.

Но добрата вест е дека зајакнат НАЦ (НАЦ е суплемент што му помага на телото да се ослободи од токсините, н.з.) може да го коригира тоа, што е одлично и мислам дека тоа е најважната порака денес. Работите се сериозни, под напад сме и ова е супер токсично, но постојат решенија.

Верувам дека властите дале зелено светло и покрај тоа што знаеле за сите овие штетни ефекти. И можам само да претпоставам дека постои агенда за депопулација. Тоа е единствениот заклучок до кој може да се дојде кога ќе се видат сите докази за тоа колку биле токсични, колку очигледно било тоа уште на самиот почеток и како владите продолжиле да ги промовираат како безбедни и ефикасни.

Од каде масивни емболии и згрутчување на крвта по заболувањето од ковид или примањето вакцина? Дали, конечлно, се разреши таа дилема кај научниците и лекарите, која ги излудуваше оние што ги лекуваа болните?  

– Па знаеме дека кога правиме анализа на жива крв кај луѓе што примиле вакцини, нивните црвени крвни клетки се лепат и групираат формирајќи нешто наречено rouleaux bodies (термин од хематологијата, кој пластично кажано значи дека црвеите клетки се наредени како купче монети, н.з.). Ова има неколку последици. Прво, ќе значи помала оксигенација на ткивата бидејќи кога црвените клетки се групирани, не може да поминуваат низ капиларите и не може правилно да го пренесуваат кислородот.

Исто така, знаеме дека постои нешто наречено амилоид бета, кое реагира со спајк-протеин и создава згрутчувања, микротромби. А кога тие микротромби ќе се спојат, формираат поголеми згрутчувања.

Покажано е огромно зголемување на тромбоза (згрутчување на крвта) во вените на мозокот (cerebral venous cavernous thrombosis). Всушност, пријател на мојот сопруг ја изгуби својата 19-годишна ќерка пет дена по вакцината на „Астра Зенека“ поради масивна тромбоза во венските синуси во мозокот (cerebral venous sinus thrombosis). Почина во страшни болки. Отиде во три NHS-болници и секоде ѝ кажале дека е хистерична и дека треба само да земе „парацетамол“. Никој не направил снимка за да види што се случува во нејзиниот мозок и да го види огромното згрутчување што се формирало.

Ова е тип на приказна што ја слушам постојано, за жал. Многу луѓе ќе се пронајдат во она што го кажувам. Значи, да, згрутчувањата и нивното зголемување предизвикуваат срцеви удари, пулмонарна емболија и ова го гледаме многу често, дури и пет години по примањето на вакцините.

Луѓето не треба да мислат: „Ја примив вакцината во 2021, добро сум, ќе бидам добро“. Можеби нема да бидат добро зашто тоа е како е темпирана бомба што чека да експлодира. Постојано гледаме вести за млади луѓе што умираат, необјаснети смртни случаи кај здрави луѓе. Значи, навистина е многу лошо.

Постојат и извештаи од патолози и луѓе што балсамираат тела дека наоѓаат многу дебели бели влакнести згрутчувања, кои личат на гума. Кога балсамираат тело, обично ја отстрануваат крвта и внесуваат течност за зачувување на телото. Но кога ќе влезат во големите крвни садови за да ја извадат крвта, ништо не излегува и често откриваат дека крвните садови се исполнети со овие гумени форми. Се чини дека ова се случува кај луѓе што умираат прилично бргу. Има многу информации и докази од луѓе што чуваат вакви примероци во тегли за јавноста да ги види.

Дали спајкот е лабораториски? Д-р Роберт Малоун, еден од најголемите експерти во областа на вакцинологијата, изумител на мНРА-технологијата, во 2021 година во интервју рече дека ова е најголемиот екперимент во човечката историја?

Сите докази укажуваат дека ова е биолошко оружје произведено во лаборатории во Америка, кои развивале биолошко оружје и биле доста горди на своите разработки. Во одреден момент мислам дека американската јавност почнала малку да се плаши од овие лаборатории, кои ги нарекувале gain of function labs (gain of function е термин што означува дека на одредени вируси во природата им се додаваат дополнителни својства за да се пренесуваат меѓу луѓето и да бидат полетални, н.з.). И затоа го префрлиле во Вухан. Така јас го разбирам тоа. Потоа продолжиле да го развиваат таму.

Всушност, мислам дека беше 2013 година, научничка што работела во Вухан, Американка, а лабораторијата мислам дека била финансирана од Американци, објавувала податоци и трудови уште тогаш фалејќи се дека го создала тоа. Тоа е многу загрижувачки.

Навистина мислам дека ова беше биолошко оружје употребено врз населението и речиси како совршено злосторство. Ги исплашуваш сите, а потоа велиш дека имаш нешто што ќе им го инјектираш. Луѓето најчесто доброволно доаѓаа за таа инјекција, иако беа и под принуда. Им велеа дека не може да летаат, да одат на одмор, да одат на работа или да прават разни работи ако не ја примат. Значи, ги принудија луѓето, им ги одзедоа телесната автономија и изборот.

Потоа не дозволуваа третман за акутен ковид бидејќи ако постои третман за инфекцијата, не може да се користи итно одобрение за употреба за вакцината. Значи, за да го добијат тоа итно одобрение за употреба, морале да ги потиснат сите третмани за акутен ковид, а такви имало многу. Многумина од нас откривме како да им помогнеме и да ги лекуваме луѓето со акутен ковид.

Да, навистина беше биолошко оружје, а на Нов Зеланд има многу значајни податоци. Човек по име Бери Јанг анализирал разни податоци за владата. Кога навистина ги разгледал детално, почнал да се интересира за стапките на смрт поврзани со одредени серии од вакцината на „Фајзер“.

На пример, серија број 1 – 711 луѓе на Нов Зеланд ја примиле таа серија. Од нив, во рок од месеци, недели или дури денови, имало 152 смртни случаи, што е 21 % кај сите возрасти. Ова не зависело од возраста. Значи, имало 21 % стапка на смртност кај луѓето што ја примиле првата серија.

Во осмата серија, 221 луѓе ја примиле серијата и имало 38 смртни случаи, што е 17 % стапка на смртност кај сите возрасти.

Во трета серија, 310 луѓе ја примиле оваа серија и имало 48 смртни случаи, што е 15 % стапка на смртност.

Ова е, мислам, неверојатно. Тој пресметал дека шансата ова да се случи случајно е сто милијарди спрема еден, што според него покажува дека било намерно дизајнирано така. И тие знаеле.

„Фајзер“ морал да подготвува шестмесечен извештај за сериозни несакани реакции. Тоа мора да се прави кога се пушта нов лек. Извештајот бил објавен на 28 февруари 2021 година и покажувал дека до февруари 2021 веќе знаеле за 1.223 смртни случаи директно поврзани со вакцината.

Ако глобално има од 25 до 50 смртни случаи од некој нов лек, тој се повлекува. А тука имало 1.223 и не ја повлекле. Сè е во нивната документација – 1.221 случај со сериозна несакана состојба предизвикана од вакцините на самиот почеток. Значи, апсолутно јасно е дека точно знаеле што прават.

Зошто се отиде на вакцини за справување со ковид, а не на лекови што постојат и кои би биле пренаменети за лекување на инфекцијата од вирусот?

– Верувам дека причината е тоа што ако постои третман за акутна инфекција, тогаш не може да се користи итно одобрение за употреба. Но, со тоа што не им дозволувало на луѓето да се лекуваат и ѝ кажувале на јавноста дека нема третман, ги зголемувале стравот и грижата дека луѓето ќе умрат бидејќи нема лекување.

Излезе статија од Италија за обдукции на пациенти што починале од ковид. Во обдукциите пишувало дека не можеле да разберат што се случува во белите дробови. Имале хипервоспаление, крвавења, згрутчувања и распаѓање на мембраните, а сето тоа може да биде предизвикано од цитокинска бура од мастоцитите (мастоцитите се всушност првата одбранбена линија на организмот при воспаление и тие алармираат дека нешто енесакано се случува во телото, н.з.).

Бидејќи лекував луѓе со синдром на активација на мастоцитите, го знаев тоа и помислив дека ако е така, тогаш пациентите не биле убиени од инфекцијата, туку од реакцијата на телото кон инфекцијата. Имунолошкиот систем бил преоптоварен и ослободувал премногу цитокини од мастоцитите, што доведувало до хипервоспаление и до други проблеми.

Мојата логика беше дека ако ги лекувате пациентите со третман за синдром на активација на мастоцитите (претерана реакција на одбранбениот систем, н.з.), нивната здравствена состојба треба да се подобри.

Всушност, повеќето луѓе кога добиваа ковид, беа добро. Имаа грип или некаква болест. Кога јас добив ковид, симптомите траеја 154-ина минути и потоа исчезнаа бидејќи веќе ги земав овие медикаменти за мастоцитите.

Мислам дека луѓето што тешко поминуваа со ковидот беа околу 20 % од популацијата што имале синдром на активација на мастоцитите.

Третманот би бил витамин Ц, високи дози витамин Д, магнезиум, селен, цинк, кверцетин, кој е стабилизатор на мастоцитите и на антихистамините, но не една таблета дневно како што пишува на кутијата. Значи, „лоратадин“, „цетиризин“ или „фексофенадин“, четири пати дневно, за да се земе максималната безбедна доза. И можеби „фамотидин“ („фамосан“ кај нас, а за кој д-р Малоун уште на почетокот на 2020 г. пронајде дека во доза од 134 мг на ден со еден антибиотик успешно лекува ковид, н.з.).

Кога им ги давав овие комбинации или им кажував да ги купат без рецепт, луѓето почнуваа да се подобруваат за 4 часа. Некои престануваа да кашлаат во рок од четири часа и следниот ден веќе беа значително подобро.

Третманот функционира одлично и така лекував 100-ина пациенти. Никој немаше потреба од кислород, никој не почина и никој не мораше да оди во болница.

Колега од Јужна Африка, д-р Шанкара Чети, дошол до истиот заклучок и лекувал 14.000 пациенти со акутен ковид. Никој не морал на кислород, во болница или не починал. А се работело за основни работи што луѓето можеле да ги купат без рецепт.

Ги известив Мет Хенкок, Крис Вити и Кралскиот колеџ на матичните лекари, но никој не ми одговори, што беше шокантно.

Во исто време се обидуваа максимално да ги исплашат луѓето. Пораките постојано се повторуваа. Пропагандните кампањи беа многу моќни. Велеа работи како: „Ако не се вакцинираш, може да ја убиеш баба ти“ или „Можеш да ги убиеш луѓето што ги сакаш“.

А во исто време тврдеа дека вакцините се безбедни и ефикасни. Ако беа навистина безбедни и ефикасни, тогаш вакцинираните не би требало да се заразуваат од невакцинирани. Немаше логика.

Исто така, знам со сигурност дека кај смрт на луѓе што не починале од ковид пишувало дека починале од ковид. Така ги зголемувале бројките и создавале впечаток дека повеќе луѓе умираат од ковид отколку што навистина умирале за да ги исплашат луѓето.

Знам случаи во кои луѓе извршиле самоубиство, а на потврдата стоело дека причина за смртта е ковид. Сопругот на една пациентка загинал во сообраќајна несреќа со мотор, а на потврдата пишувало ковид.

Друга пациентка се грижела за своите многу стари родители во деведесеттите години. Ги изолирала целосно и била единствена личност што влегувала кај нив. Не добила ковид и не им пренела ковид, но кога починале, и кај двајцата на потврдите за смрт пишувало ковид.

Исто така, ги зголемувале бројките со тоа што ПЦР-тестовите биле поставени да даваат многу лажни позитивни резултати. ПЦР-тестот не е специфичен само за ковид.

Дополнително, бројот на ПЦР-циклуси бил поставен премногу високо, што во некои случаи давало 97 % лажни позитивни резултати.

Значи, кога на Би-би-си велеле „100.000 позитивни случаи“, реално биле многу помалку.

Населението беше исплашено и натерано да мисли дека има многу повеќе заразени, дека повеќе луѓе умираат и дека нема третман. Ова го олеснило манипулирањето со луѓето за да ја примат вакцината кога стана достапна.

Трагично, многумина ја примиле. Но, всушност, 30 % од населението во Велика Британија не ја примило вакцината. Тоа е интересна статистика бидејќи владата велела дека само 3 % не ја примиле за луѓето да мислат дека се малцинство ако одбијат.

Но, реално, 30 % размислувале критички и си велеле: „Не, нема да го направам ова. Не ми изгледа исправно. Нема доволно податоци за безбедност.“

Има ли врска меѓу спајк-протеинот и турбоканцерите? Според д-р Патрик Сун Шионг, изумителот на вакцината против рак – „анктива“, еден од најголемите светски умови кога се во прашање канцерите, тврди дека спајк-протеинот го гаси генот P-53, кој е одговорен за заштита на човечкото тело од канцери, и дека тоа е причината што тој сега гледа канцер на панкреас и кај 13-годишни деца? 

– Знаеме дека спајк-протеинот влијае врз заштитните гени, кои постојано се грижат да не добиеме рак, бидејќи телото постојано создава клетки што може да станат канцерогени.

Трите гени, P-53, BRCA1 и PRB, постојано проверуваат дали има претканцерозни клетки. Кога ќе ги откријат, ги уништуваат за да останеме без рак. Но овие гени во одредени случаи биле „исклучени“ од спајк-протеинот.

Значи, луѓето стануваат многу поранливи на канцерогени мутации. Исто така, знаеме дека спајк-протеинот активира 17 онкогени, односно гени што предизвикуваат рак.

Тоа е двоен удар, ги исклучува заштитните гени и ги активира гените што предизвикуваат рак.

Како резултат, гледаме огромен пораст на канцери. Онколошките болници се преполни со луѓе од сите возрасти и многу канцери, кои беа ретки, веќе стануваат сè почести, односно не се толку ретки.

Многу луѓе, кои биле во ремисија 20 години, сега повторно добиваат рак.

Се појави и терминот турбоканцер бидејќи овие канцери напредуваат многу бргу. За само неколку недели, луѓе, од болка во грбот, може да стигнат до смрт. Кога ќе бидат прегледани, ракот веќе е распространет во телото и е предоцна за третман.

За ова многу зборува професорот Ангус Далглиш и се обидува да го привлече вниманието на јавноста. Тој вели дека сега имаме цунами од канцери, а дека ќе стане уште полошо.

И мислам дека е важно луѓето да сфатат дека дури и ако се чувствуваат добро, ако сè уште имаат спај- протеин во телото, ранливи се на сите овие состојби.

Постои ли суплемент што ќе го исчисти спајк-протеинот од нашето тело?

– Добрата вест е дека постои засилен НАЦ, кој може да го исчисти спајк-протеинорт од телото и на тоа треба да се фокусираме сега.

Достапен е како суплемент и многу е важно луѓето да го користат. Тимот на научници што го создадоа, неверојатни Италијанци, го следеле ковидот уште од 2020 година и работеле со д-р Лорета Болган. Таа ги проучувала инфекцијата, вакцините, спајк-протеинот, неговото влијание врз телото и сите интеракции. Напишала документ од 2.000 страници за сето тоа.

Таа сфатила дека суплементот НАЦ може да го оттурне спајк-протеинот од ACE2-рецепторите. ACE2-рецепторите се наоѓаат во сите органи, на површината на клетките, на мастоцитите и на клетките што ги обложуваат артериите и крвните садови.

Спајк-протеинот има силен афинитет кон ACE2-рецепторите, како магнет. Таа забележала дека НАЦ може да го одвои спајк-протеинот од ACE2-рецепторите.

Потоа почнале да истражуваат дали НАЦ може и да го разгради спајк-протеинот бидејќи телото не може само да го разгради. Луѓето што биле изложени на КОВИД или примиле мНРА-вакцини (западните научници не се занимаваат и не знаат многу за другите вакцини, кои не се засновани врз мНРА-технологијата зашто не им беа достапни, н.з.) имаат трилиони спајк-протеини, а телото нема механизам да ги исчисти. Тоа е нечовечки токсичен протеин каков што нашето тело никогаш претходно не создавало, и затоа никогаш не сме развиле механизми за негово исфрлање. Затоа мора да се разложи на многу мали делови за телото да може да ги исчисти тие парчиња од спајк-протеинот.

Кога овие научници зеле НАЦ (N-acetylcysteine), овој суплемент, и го мешале со спајк-протеинот под електронски микроскоп, можеле да видат дека, всушност, ослабува некои од врските. Не го разложувал целосно, туку само ослабувал дел од врските во спајк-протеинот.

Потоа работеле со квантни физичари, кои рекле: „Во ред, некои од молекулите имаат одредена сила, но не доволно. Можеме да ги направиме посилни ако им дадеме стабилност на електронската ексцитација“.

Сите молекули и соединенија се составени од јадра, електрони, неутрони итн. И сето тоа е малку хаотично, електроните се движат, некои побргу, некои побавно. Но ако може да се создаде стабилност, така што сите ќе бидат усогласени, тогаш НАЦ добива многу поголема моќ и станува она што тие го нарекуваат зајакнат НАЦ (augemented NAC, н.з.).

Кога овој зајакнат НАЦ го мешале со спајк-протеинот, тој навлегувал во спајк-протеинот и го разложувал на многу делови. Потоа црниот дроб можел да ги собере овие делови кога крвта поминува низ него и да ги исфрли преку урината.

Ова било голем еурека-момент. Момент кога рекле: „Го најдовме решението за чистење на спајк-протеинот.“

Јас имам клиника, каде што гледам пациенти со долготраен ковид, синдром на активација на мастоцитите и пациенти што имаат повреди од вакцините. Понекогаш тие здравствени нарушувања од вакцините се нарекуваат долготраен ковид.

Многу од пациентите со долготраен ковид се навистина тешко болни и е многу очигледно дека вакцината ја предизвикала болеста бидејќи веднаш по вакцината имале силна реакција и завршиле со многу симптоми, кои никој не знае како да ги третира.

Во мојата клиника гледам многу нови пациенти што доаѓаат со вакцинални повреди уште од 2021 година. Тоа значи дека се болни веќе четири или пет години. Пробале многу протоколи, од кои многу се промовирани на „Икс“ и на интернет, но кога ги тестираме, сè уште имаат спајк-протеин во телото.

Сè уште ги имаат симптомите, а спајк-протеинот сè уште е присутен во серумот, егзозомите и во лимфоцитите. Потоа им даваме зајакнат НАЦ и го заменуваме претходниот протокол со него и кај многумина многу бргу се чувствува подобрување.

Како што спајк-протеинот се чисти од телото, подобрувањето може да биде драматично и многу брзо. Понекогаш трае неколку недели, но најчесто потребни се само неколку дена или многу краток период.

Во каква доза треба да се користи од зајакнатиот НАЦ? 

На веб-страницата menopauseconsultancy.co.uk има дел што зборува за самопомош и препорачани производи. Таму луѓето може да најдат протокол.

Навистина сакаме луѓето да го користат ова. Протоколот е да се зема трипати дневно во текот на три месеци, а потоа по една капсула дневно. Прашањето е до кога бидејќи кај некои луѓе телото може постојано да создава спајк-протеин. Нема копче за исклучување, а овој токсичен протеин мора редовно да се чисти од организмот.

Затоа е подобро, откако ќе се направат тие три месеци на чистење со по една доза трипати дневно, потоа да се продолжи со по една дневно засекогаш.

Проблемот е што луѓето што примиле вакцини испуштаат спајк-протеин преку здивот, потта, плунката и семето, па така може да го пренесуваат и на други луѓе (уште во 2021 година д-р Малоун наведе дека жени што не се вакцинирани и кои немаат менструални проблеми, ако седат во друштво со вакцинирани жени, кои веќе имаат проблеми, ги добиваат истите симптоми и тој тогаш тоа го нарече „неверојатно“ и рече: „Истите извештаи ги добиваме повторно, повторно и повторно и јас не можам да го објаснам тоа“, н.з.).

Овој суплемент ја разредува крвта. Што да прават оние што примиле мНРА-вакцина, а не смее да примаат ниту „аспирин“ поради проблеми со веќе разредена крв, а не, пак, да примаат засилен НАЦ?

– Тоа навистина влијае кај нив, но мора да бидат внимателни. Зајакнатиот НАЦ има повеќе ефекти во организмот. Не само што го разложува спајк-протеинот, туку и ја разредува крвта и ја намалува веројатноста за згрутчување.

Затоа тоа мора да се има предвид кај луѓе што веќе земаат лекови за разредување на крвта. Можно е има потреба да се приспособи терапијата и да се намали дозата на тие лекови за да се избегнат проблеми. Поради тоа, важно е пациентите да разговараат со својот лекар или специјалист бидејќи можеби ќе треба да се смени дозата на моментната терапија.

Но јас би рекла дека е важно да се отстрани спајк-протеинот, дури и ако тоа се прави побавно и со помали дози на зајакнат НАЦ. Тоа е навистина многу важно.

На пример, ако некој зема „аспирин“ само за да го намали ризикот од згрутчување на крвта како превенција од срцев удар, мозочен удар или слично, тогаш можеби може да ја намали дозата на „аспиринот“ и истовремено да зема зајакнат НАЦ. Но сепак мора задолжително да се консултира со својот лекар за тоа.

Ви благодариме на разговорот. 

Фото: скриншот од видеоинтервјуто за МИА на д-р Пирс