Невреме попладнево го зафати Скопје, проследено со обилни врнежи од дожд, силен ветер и грмежи. На повеќе улици низ градот се забележани задржувања на вода, а сообраќајот се одвива отежнато.
Граѓаните на социјалните мрежи споделуваат фотографии и видеа од невремето, додека надлежните апелираат на внимателност и избегнување на непотребни движења во критичните делови од градот. Засега нема информации за посериозни материјални штети или повредени лица.
Прогнозата за денеска е дека ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.




