Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, утрово го осуди инцидентот со руски дрон во романскиот пограничен град Галаци и најавувајќи нови санкции кон оваа земја.
„Руската агресивна војна премина уште една граница. Руски напад со беспилотно летало погоди густо населена област во Романија, при што беа повредени цивили. На територијата на ЕУ. Ние сме целосно солидарни со Романија и нејзиниот народ. Додека продолжуваме да ја зајакнуваме нашата безбедност и одвраќање, особено на нашата источна граница, ќе продолжиме да го зголемуваме притисокот врз Русија. Го подготвуваме 21-от пакет санкции“, напиша шефицата на ЕК на Икс.
Фото: архива




