Воздухопловниот ВИНГ го одбележува 10 јуни како датум кога во 1992 година се случил првиот лет на воен екипаж од штотуку формираното македонско воено воздухопловство.
Формирани на 10 април 1992 година со одлука потпишана од првиот претседател Киро Глигоров, но како ден на македонското воено воздухопловство се слави 10 јуни кога е изведен првиот лет со целосно македонска посада кој траел 20 минути.
Видео плејер
видео: АРМ
Воздухопловниот ВИНГ обезбедува воздушна поддршка и транспорт на единиците на Армијата, врши набљудување на воздушниот простор, и обезбедување на негов целосен суверенитет.
Учеството во операции за поддршка на мирот надвор од државата е дел од нивната мисија, како и учество при елементарни непогоди и катастрофи, гаснење на пожари и медицинска евакуација.




