Три спрема еден е резултатот меѓу сегашната и претходната власт во однос на инфлацијата и откупот на тутунот. Тоа е разликата помеѓу економијата на оние што прават лажна хистерија и привид во јавноста и на овие што работат и испорачуваат. Денес се потпишуваат договори за 430 и 450 денари за килограм тутун, а пред  5-6 години килограм тутун беше 150 денари, ако имате среќа. Инфлацијата сега, како резултат на кризата, е 4,5 – 4,7 отсто, а пред четири години беше 19, 20, 21, 22 процента, рече денеска премиерот Христијан Мискоски, одговорајќжи на новинарски прашања.

Тој напомена дека веќе се исплатени нешто повеќе од 2 милијарди денари субвенции за повеќе од 15.000 тутунари, со што, за две години, откако е избрана оваа Владата, вкупната исплата во земјоделството по основа на директни плаќања и преку Програмата за поддршка на руралниот развој достигна речиси 15 милијарди денари.

– Ако направиме споредба на овие две години и годините ’21, ’22, ’23, три години на претходната Влада, ќе дојдеме до следниот заклучок: во овие две години се исплатени 15 милијарди денари, вклучително и долговите од ’21-ва, а претходната Влада за три години, ’21, ’22 и ’23-та исплати нешто помалку од 14 милијарди. Една милијарда помалку за три години, а оваа Влада една милијарда денари повеќе за две години. Тоа е разликата помеѓу економијата на оние што прават лажна хистерија и привид во јавноста, и овие што работат и испорачуваат. Тоа се бројките, тоа се фактите, истакна Мицкоски.

Според него, една од првите кативности кога бил избран за премиер, била да ги повика откупувачите и да им порача дека Владата очекува фер однос кон тутунарите.

– Пред 5-6 години килограм тутун беше откупуван за 150 денари ако имате среќа. Денеска веќе се потпишуваат договори за 430 и 450 денари по килограм продаден тутун. 3 спрема 1 за само 5-6 години. Не зборуваме сега за нешто коешто се случило пред неколку децении, зборуваме за само 5-6 години, 3 спрема 1. Тоа е токму поради фактот што една од моите први активности кога бев избран како претседател на Владата, заедно со министерот за земјоделие, беше да ги повикаме откупувачите и токму таква порака да испратиме дека очекуваме фер однесување кон тутунарите. Такви состаноци во изминатиов период имавме многу, вклучително и кога почна оваа, би рекол, епски најголема енергетска криза, кога ги повикавме сопствениците на поголемите трговски ланци и маркети. И ако ја споредите сега состојбата, односно кога имаме најголема енергетска криза, која гледаме дека полека но сигурно завршува, ќе дојдеме до резултат дека истите овие што создаваат хистерија, и ја споредиме со онаа криза од 2022-рата, инфлацијата сега како резултат на оваа криза е 4,5–4,7%, тогаш пред четири години беше 19, 20, 21, 22%. Таа е повторно 3 спрема 1, потенцира Мицкоски.

Премиерот повтори дека стои зад својата изјава согласно која Македонија има најниска инфлација во регионот.

-Стојам позади тоа, нашата инфлација е една од најниските во регионот. Годишната инфлација во Грција е над 5 отсто, во Романија и Буугарија е двоцифрен број проценти, во Хрвтаска е над 5 отсто, единствени во регионот со меѓу 3 и 4 проценти инфлација се Србија и Албанија. Косово е близу до двоцифрен број, во Турција е над 30 отсто. Мерките и ангажманот на Владата резултаираат со вакви бројки, а овие што доздаваат хистерија, тоа им е задачата – да се обидат да манипулираат. Ианку, мора да се споредуваме со минатото за да знаеме дали сме подобри, притоа со кого, ако не со претходната влада, рече Мицкоски.