По две години од мандатот на Мицкоски, здравството е во тотален распад. Ништо од ветеното не е исполнето. Наместо функционален и ефикасен здравствен систем, граѓаните добија хаос, неодговорност и целосно запоставување на јавното здравство – изјави на прес-конференција Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ, која МИА ја пренесува интегрално.
Што ветуваше, а не исполни ВМРО? Ветуваше спојување на клиниките во Скопје во еден интегриран Универзитетски клинички центар „Мајка Тереза“ – нема ништо.
500 нови ургентни вработувања дури во првите 100 дена. 730 дена се поминати, нема ништо од тоа.

ВМРО ветуваше вработување на 500 здравствени работници од дефицитарните кадри. Нула исполнето.
Ветуваше најмалку 100 нови возила за Итната медицинска помош. После 2 години, сеуште ги чекаме заглавени во тендерската бирократија.
Не се воведени дневни болници за да се намалат трошоците и да се сведе на минимум движењето на пациентите.
Ветуваше дигитализација на здравството, дневни болници, интегриран клинички центар, транспарентни јавни набавки и системски реформи. Нула реализација.
Нема воведена можност медицинскиот кадар да работи во различни здравствени установи.
Долга е листата на ветено и несиполнето од ВМРО овие две години.
Нула исполнети ветувања. Нула реформи, нула грижа за здравјето на граѓаните!
На секој чекор има застој, недостиг на медицински кадар, несоодветни услови во клиниките, револтирани пациенти и здравствени работници оставени сами на себе.
Најстрашно е што поради оваа неспособност на власта се доведува во ризик здравјето на граѓаните, па дури и на најмладите.
Сведоци сме што се случува деновиве на Детската клиника – животот на децата со имунилошки болести е загрозен.
И тоа замислете зошто, затоа што оваа влада до толку го истроши буџетот што нема пари за она што е најважно – заштитата на здравјето на децата.
Кога здравјето на децата станува жртва на административен и институционален хаос, тоа е доказ дека системот е во длабока криза.

Нема доволно лекови, не се прават операции, тотален распад.
ВМРО го запре и растот на платите на здравствените работници.
СДСМ во изминатите години системски инвестираше во здравството, ги зголемуваше платите на лекарите и медицинските сестри и успеа нивните примања значително да пораснат.

По две години мандат, ВМРО-ДПМНЕ покажа дека нема план, нема капацитет и нема вистинска грижа за јавното здравство.
Цената за нивната неспособност денес ја плаќаат граѓаните – со своето здравје, со неизвесност и со изгубена доверба во институциите.
Прес конференција на СДСМ, Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ




