Љупло ЦВЕТАНОВСКИ за Курир
Стара фора, нова будала. Ова е најкусиот опис на инфантилните злодејанијата на опозициската СДС која деновиве влегува во финишот на патот кон пензионирање, друм кој паралелно води и кон историското буниште. Со многу пуканки и сеир, сведочиме на една СДС имплозија, во која направијата на Заев си се смачкува самата себеси. Самоништување за кое чичко Кумплунг може само да им носи вода. 35 години тоа и го прават на Македонија, а сега политички неутрализирани и маргинализиирани, мораа да ја пренасочат деструкцијата кон нешто, та автодеструктивно си се нанишанија самите себеси. И, СДС-БУУУУУМ!
А, и што би очекувале од стари кутриња? На залезот на кариерата да научат нови трикови ли? Јок, не бива. Башка, толку им сече, би рекол македонскиот народ…
И сега? Вака ли крајот мириса?
Не да мириса, труе, базди, 3,5 децениска реа наваса од Бихаќка. Од седиште алаш-вериш и гратис преземено од комунистите, изградено врз старите градски гробишта. Грда, морбидна прикаска, од самиот старт на нештата. За Македонија и Македонците, најмногу…
И сега? Кој е виновен за партиското СДС итање во 6-та брзина кон провалијата која така насмејано и желно ги чека?
Ако не верувате кој е „крив“, чујте ги главните актери во самозатворањето на СДС, во „оригинал“.
Игор Ивановски Шема, новиот реформатор на СДС рече дека сè поочигледно станува дека постои подземен договор помеѓу група и поединци во СДС (читај Венко, Јон, Богданка, Жерновски…) и власта (Мицкоски и ВМРО, разбира се), за лични интереси (на Заев де).
„Ќе бидам директен, за слобода. Очигледно, постои, тој договор е со власта. И затоа имаме вакви апсурдни ситуации, да имаме нереално многу силна владејачка коалиција, која според мене неоправдано има ваква поддршка и виртуелна, фрагментирана, слаба опозиција“, рече Шема.
Шемата на Венко и СДС е „многу инвентивна“ и идентична како онаа на Шема. И тие така остроумно вината ја видоа во противничкиот табор.
„Игор Ивановски, познат и како „Шема“, во 30-минутното интервју за националната телевизија ниту еднаш не го спомена Христијан Мицкоски. Ниту еднаш. Затоа што не може да ја напаѓа својата шема“, свикаа од СДС како одговор на обвинувањата дека Венко „игра“ за Мицкоски.
Па кој друг може да биде „крив“ за двата СДС табори ако не ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, дежурните виновници за се’ што се случува во државата?
Само што таму и тие, за жал на Заевци, историски се виновни за се’ што е арно за Македонија. Сето лошо и антидржавно оди на една друга сметка, на партија со адреса на поранешни градски гробишта.
Сега, барем според Венко и Шема, ова не ќе да е на арно за СДС. Освен, ако една партиска дезинтеграција може да биде арна?
Туку, видиш, за Македонија тоа да ти би било таман, „кец на десетка“ и крај на една одродско автошовинистичка, самопрезирна, оикофобна и антимакедонска ера и партија.
Аферим за ВМРО, кога се толку силни и можат така лесно и успешно да ги „купат“ и уште повеќе што успејале промакедонски да ги инструираат овие вечити антимакедонисти кои ни сменија знаме, име, устав, ни спроведоа арамиска транзиција, ни стокмија територијална организација, „национализираа“ имиња на институции, ајвани кои донесао толку срам и понижувања. Не дај Боже да останеа на власт, дури тогаш каде ќе ни беше алот македонски…
Во меѓувреме, од СДС понудата на пазарот, Христијан (според Бихаќка) си го купил и Андреј Петров. За да ја збогати сопствената СДС колекција составена од Шема, Пеџа, Цаци, Шилегов и Деспотовски. Следни биле Гордан, Стојко, Емилијан, Ивор и останатите од платформата, а бројот разочарани сдсовци на пазарот растел ко државниот долг во времето на нивното владеење…
Од друга страна, кога подобро ќе размислите, СДС и Заевци се целосно во право. Да, ВМРО-ДПМНЕ е главниот виновник за ова што им се случува, дефинитивно. Едноставно, кога народот ги гледа перформансите и работата на едните и другите, логично е да заклучи дека сегашните СДС се тарабуки, ајвани, копуци, ќелепури, дилетанти и дилајли збрани за една единствена цел, полнење џебови и ега. Контрастот е преголем, па логичното маргинализирање и отпишување на дечките од Бихаќка е најнормална реакција. Всушност, сами си се „криви“ за се’, ама ВМРО е виновно што постои за да ги компарирате. Затоа, кај Заевци е потребен еден политички егзорцизам и „вадење на ѓаволот“ од партијата. Знаете кое е шејтанчето и свитата ѓаволчиња околу него, а знае и членството…
Да, време е за СДС Македонска, Вистинска не мора, се сеќавате, малку да се македонизиираат пустите, а оние со северниот епитет овенчани не ни мора да останат во политиката, во Македонија уште помалку. Башка, не зборуваме за сургун, туку за доброволно напуштање на државата поради пречки со законот и антинародни криминали тешки милијарди, не милиони. За „мајка бежанија“.
Дојде време за користење на скапо платените визи за Дубаи, а?
Аирлија




