Генералниот секретар на Советот за соработка во Заливот (ССЗ), Џасем Мохамед Албудајви, денеска ги осуди иранските напади врз цивилната инфраструктура во Бахреин, Јордан и во Кувајт, оценувајќи ги како „воени злосторства“.
„Дејствијата на Иран претставуваат исклучително опасна ескалација, сериозно кршење на меѓународното право и на Повелбата на Обединетите нации, како и воени злосторства (…) имајќи предвид дека намерно се гаѓаат цивилната инфраструктура и објекти“, наведе Албудајви во соопштението.




