Учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш го продолжија патот кон Петровец и Велес.

Курир

Вчера околу 40 коњаници и коњанички тргнаа кон Крушево, продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на празникот Илинден и на македонските херои.

Курир

Првин продефилираа низ Општина Аеродром, а потоа се упатија кон дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во скопската населба Горно Лисиче каде беа свечено испратени кон Крушево во чест на големиот празник Илинден.

Курир

На 31 јули коњаниците од Горно Лисиче ќе се обединат со учесниците од Свети Николе, Кичево и Битола, испраќајќи силна порака за единство, почитување на традицијата и зачувување на македонското историско наследство.

Курир

Коњаниците и коњаничките треба да стигнат до својата крајна цел – историскиот град Крушево каде на 2 Август – Илинден, ќе се одржи централната прослава за големиот празник.

Курир