Традиционално на Комитска вечер во Ораовица беше вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

-Во очи на празникот Голема Богородица во организација на ОК Радовиш бевме во манастирот Св. Георгиј – Ораовица каде 35 години со ред се организира Комитска вечер. ВМРО-ДПМНЕ е столб на Македонија, на националното единство, традицијата и напредокот, истакна тој.
Николоски посака многу заеднички победи и уште многу прослави.




