Во Македонија до 1 септември годинава се регистрирани вкупно 56 случаи на западнонилска треска, има и 7 починати. Македонија е на првото место во Европа по бројот на заболени во однос на бројот на жители, пред земји како Италија, Грција, Романија, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално.

Повторно, исто како и здравствената криза со труењето во Гостивар, здравствените институции на Мицкоски закаснија со реакцијата.

Владата на Мицкоски нема капацитет да превенира и да го заштити здравјето на граѓаните, туку реагира дури откако кризата ќе ескалира.

Дури ниту против комарци не прскаат навреме, и со тоа задоцни Орце Ѓорѓиевски.

Не функционира системот за превенција, заштита и контрола на вектор-преносливи болести.

Не функцираат градоначалниците на ВМРО-ОКГ.

Не фукционираат здравствените институции.

Државата не менаџира со епидемијата – туку само реагира на нејзините последици.

Цената ја плаќаат граѓаните, со своето здравје.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: архива