Премиерот Христијан Мицкоски денес откри дека за време на посетата на САД, присуствувал на прием кај американскиот претседател Доналд Трамп. Тој откри детали од разговорите.
-Од она што го слушнав и во говорот на Генералното Собрание на претседателот на САД, но потоа и прием каде бев присутен, го повтори ставот дека во моментов нема договор со иранската страна, тие очекуваат да завршат изборите во САД, тој потсети дека не се кандидира на тие избори, тоа се партиски избори за сенатот и конгресот. Тој има уште две ипол години, ако нема договор уште повеќе ќе ги засили војните дејства. Многу работи се случуваат во светот кои на нас треба да ни се индикатор како ние да ја градиме нашата политика, имаме јасна стратегија и план, попрача премиерот.
Ќе поразговараме околу актуелната состојба во рамки на процесот на проширување, предизвиците кои се случија во меѓувреме, предизвиците кои ги очекуваме во периодот кој што следи, рече премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа што очекува од посетата на Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во петок доаѓа во Скопје.
-Кога правите стратегија и кога правите план каква политика да водите, треба да ги имате предвид случувањата во соседството и во поширокото соседство, тоа е нели Европската Унија. Имаме неуспешен референдум во Исланд, рестартирање на преговорите со ЕУ. Имаме три изборни циклуси во Германија, во покраини, каде гледаме дека екстремни политички структури победуваат, два пати победи Алтернатива за Германија, еднаш Линке која е крајна левица. Сите се тие антимигрантски, против проширувањето на самата Европска Унија. На пролет имаме претседателски избори во Франција. Според последните мерења, очигледно таму е фаворит Марин Ле Пен, бројките велат дека таа ќе биде новиот претседател на Франција. Сето ова е некаков индикатор за кој ние ќе треба да ги градиме политиките во периодот што следува, рече Мицкоски.
Премиерот посочи дека на светот му се случуваат големи предизвици, светот се менува, имаме две озбилни војни.
Порача дека домашната задача ќе биде сработена, а дека другото не е до нив.




