Министерството за здравство, во соработка со  Универзитетскиот институт за позитронско-емисиона томографија – ПЕТ центар, информира дека почнувајќи од овој продолжен викенд, вклучувајќи го и претстојниот празник, а потоа и во наредните викенди ПЕТ центарот ќе биде отворен со цел пациентите да не чекаат долго време за снимање.

Секој ден на листа на чекање е ден неизвесност за пациентот и за неговото семејство. Затоа, ПЕТ центарот, согласно предвидениот план, продолжува со работа и во викендите, со јасна цел – да се намали листата на чекање и дијагностиката да им биде побрзо достапна на тие на кои им е најпотребна, наведуваат од Министерството и од ПЕТ центарот.

„Оваа реорганизација се спроведува за да ги намалиме листите на чекање. Очекуваме да продолжи трендот што го воспоставивме во изминатите две години, кога двојно ги зголемивме термините. Посебна благодарност им упатуваме на сите здравствени работници и соработници, чиј труд и залагање го прават ова можно”, изјави директорката на ПЕТ центарот, д-р Невена Маневска.

Фото: Веб страница на Универзитетскиот институт за позитронско-емисиона томографија – ПЕТ центар