Шефицата на канадската дипломатија Анита Ананд, на маргините на средбата на Г7 во Париз, истакна дека Канада одлучила да воведе дополнителни санкции врз Русија „за дополнително да ја зголеми економската цена на војната“ што Москва ја води против Украина.
Во соопштението на канадското Министерство за надворешни работи се наведува дека „на списокот на санкции се додадени 38 субјекти и 24 поединци, со цел дополнително да се ограничат воените капацитети на Русија“.
Канадските санкции се насочени кон руската одбранбена индустрија, како и кон „учесниците вклучени во развојот на технологии за балистички ракети и руски кибер операции“.




