Петкратниот олимписки првак во џудо, Теди Рине, преку видео обраќање денеска на социјалните мрежи ја објави својата кандидатура за претседателските избори во Франција во 2027 година.

„Се викам Теди Рине и денес, гледајќи ве право во очи, ја објавувам мојата кандидатура за претседателските избори во 2027 година“, рече 37-годишниот Рине.

„Борбата отсекогаш била дел од мене. Знам што значи да се бориш, да паднеш и секогаш да станеш повторно“, додаде францускиот џудистот, кој е сè уште активен како натпреварувач.

Иако наведе оти е свесен дека веќе има многу кандидати, Рене нагласи оти има намера да оди до крај, додавајќи дека не би го направил овој чекор ако не верува дека има реална шанса да стане претседател на Франција.

„Знам што ќе кажат луѓето за мене: Тој е луд. Тој не е дел од естаблишментот. Тој не знае како да го направи тоа. Тој никогаш не се вмешал во политиката. Ако одбивањето да ја наведнам главата и да одбијам да го прифатам хаосот ме прави луд, тогаш да, јас сум целосно луд. Нема да бидам еден од оние што ја гледаат земјата како гори, наоѓајќи изговори за себе“, додаде најголемиот џудист во историјата, кој е и 11-кратен светски шампион.