Германскиот канцелар Фридрих Мерц, по повод 37-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, повика на заштита на демократијата и слободата.

Тој на Икс објави дека во историјата на Германија има три важни настани што се случиле на 9 ноември – прогласувањето на Вајмарската Република во 1918 година по абдикацијата на германскиот цар Вилхелм II, Кристалната ноќ во 1938 година, што го означува почетокот на нацистичките погроми на Евреите и падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година, што го отвори патот за повторно обединување на Западна и Источна Германија.

– Деветти ноември ги симболизира и најтемните и најсреќните моменти во нашата историја – антисемитизмот и прогонот, почетокот на демократијата и падот на ѕидот. Слободата и демократијата никогаш не треба да се земаат здраво за готово. Да ги браниме и во Германија и во Европа, посочи Мерц.

За денеска е предвидено Мерц да присуствува на церемонија во Минхен по повод 20-годишнината од изградбата на синагогата „Охел Јакоб“, каде му се придружат баварскиот премиер Маркус Зедер и претседателката на баварскиот покраински парламент Илзе Ајгнер.