На масите во турските ресторани веќе нема да има соларници, јави Анадолија, повикувајќи се на претседателот на Федерацијата на сопственици на ресторани и слаткарници во Турција, Ајкут Јениџе.
Мерката е одобрена откако федерацијата потпишала протокол со Министерството за здравство за намалување на користењето сол и шеќер.
Јениџе изјави дека по потпишувањето на протоколот, почната е обука на мајстори готвачи за да биде намалено користењето сол и шеќер во јадењата.
СЗО има норма од една лажичка сол дневно во храната, а тоа ниво во Турција според Јениџе, е над 2 лажички.