Деновиве има реакции од училишта дека традиционалните називи мајка и татко, се заменети со родител А и родител Б во анкети или покани за родителски средби во училиштата.
Таков пример имаше во едно училиште во Скопје, а денеска на социјалните мрежи е објавен и друг пример од Гостивар.
Станува збор за, како што се тврди на Фејсбук, за ОУ „Гоце Делчев“ од Гостивар. Во анкетниот лист од ова училиште традиционалните називи за родителите, татко и мајка, се заменети со родител А и родител Б.
Неодамна во медиумите беше објавено дека со новите акти е предвидена употреба на овие нови термини за родителите, но од Министерството за труд и социјална политика тоа беше негирано и беше посочено како измислица и лажни вести.
По информациите што излегоа во медиумите дека ќе се менуваат термините мајка и татко во родител 1 и родител 2, Министерството објави остра реакција:
– МТСП најостро ги демантира дезинформациите и лажни вести во однос на новиот предлог Закон за спречување и заштита од дискриминија. Во никој случај со овој закон не се брише семејството, ниту пак се бришат термините мајка и татко, ова воопшто не е предмет кој се уредува со овој закон, пишуваше во реакцијата.