Стево Пендаровски, кандидадот на СДСМ и ДУИ за претседател, на ФБ се пофали дека сигурно добиваме датум за преговори со ЕУ и дека со тоа, годишно од ЕУ ќе добиваме по 900 милиони евра.
Бргу стигна одговорот од Силјановска:
Господинот Пендаровски, свесно или ненамерно, побркал 900 со 90 милиони. Или самиот не разбира или мисли дека ние не разбираме, па што и да каже ќе „пројде“. Преговорите со ЕУ нема да започнат оваа година. Со отворањето на преговори нема да добиеме повеќе средства од европските фондови од она што сега го добиваме и од она што ЕУ веќе го предвидела за нас во буџетските планови до 2027 година. Тоа се во просек по 90-95 милиони евра во периодот до 2020 година и 100-105 милиони евра во периодот 2021-2027 година од ИПА, како најзначаен извор на европски фондови за сите земји од Западен Балкан и Турција. Повеќе средства би добиле на располагање преку европските структурни фондови кои ќе станат достапни дури кога ќе станеме земја членка, а не кога ќе ги почнеме преговорите, пишува Силјановска.