Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска преку Фејсбук се пофали со нов проект во градот – ја бојадисале заштитната ограда на клучката кај хотелот Континентал.
– За да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот, заштитната ограда на клучката кај хотелот „Континентал“ деновиве беше бојадисана и обновена на деловите каде што претходно беше оштетена. На обнова на оваа заштитна ограда работеа екипите на ЈП „Улици и патишта“, објавија на Фејсбук од Град Скопје.
Набргу потоа и Шилегов ја пренесе оваа радосна вест на неговиот профил на Фејсбук.