Серхио Рамос стана фудбалер со најмногу победи за репрезентацијата на Шпанија при победата со 4:1 над Фарски Острови во квалификациите за ЕП 2020.
Дефанзивецот на Реал Мадрид го запиша својот успех бр.122 со Иберискиот тим и го надмина голманот Икер Касиљас.
Рамос, исто така, го постигна својот 19-ти гол за Шпанија, со кој го отвори резултатот во 6-тата минута во неговиот 164-ти меч за репрезентацијата по неговото деби во 2005 година.