Мајката Александра Руди (41) му го спасила животот на нејзиниот син откако го однела на лекар по навидум безопасна црвена линија на раката.
Но, се покажало дека Александра ја направила вистинската работа, иако мислела дека е „малку глупаво” што го носи детето на лекар. Лекарите дијагностицирале сепса и на осумгодишното момче на време му препишале антибиотици.
Ако не го однела на лекар на време, последиците би можеле да бидат фатални. Момчето Еван една недела пред дијагнозата ја повреди раката за време на училишен излет во зоолошка градина, каде при пад ја изгребал раката.
„Раната не изгледаше инфицирано, ја исчистив и се јавив во училиштето за да се осигурам дека ќе ги мие рацете затоа што имаше земјоделски ден. Но, следниот ден отидовме на плажа и ми ја покажа раката и ја видов црвената линија на рачниот зглоб, вели на мајка на Фејсбук, која сака да ги предупреди и другите родители.
Се испостави дека момчето добило сепса.
„Ако некогаш видите таква црвена линија од рана да оди преку вена, веднаш одете на лекар. Се надевам дека мојата објава ќе му помогне на некој како што мене ми помогна објава на моја пријателка пред две години – напиша мајката Александра.