СИСТЕМОТ ТАКА ОДРЕДИЛ? Добрила Кацарска ќе ги суди обвинетите за 27 април

/ 25.06.2018

Судијата Добрила Кацарска ќе го суди предметот за триесетмината обвинети за настаните во Собранието од 27 април.

Од судот за МИА потврдија дека предметот е распределен преку АКМИС-от и оти датумот за судењето ќе се знае наредните денови.

Кривичниот суд во петокот соопшти дека е прифатен обвинителниот акт поднесен од Јавното обвинителство за настаните во Собранието на Република Макеоднија на 27 април минатата година.

Дваесет и осум лица се обвинети за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, а две за помагање при вршење на истото кривично дело.

МИА


Од истата категорија