Дарко Јаневски
И така, дента кога Унгарците со Грујо им покажаа со среден прст на „нашиве“, што мислат за нивната, а не нашата, „правна држава“, од нигде-никаде се појави Филипче, и ете не колективно облеани со жива радост за промена на полот. Ебеш правна држава, кога глеј, ми даваат да си правам што си сакам. Денес машко, утре женско, задутре пак машко… Оти денес сум бил заробен во едно тело, утре ќе бидам во друго… задутре, ај заеби задутре, далеку е тоа. Ама вие тоа не го сфаќате, оти не сте комуњар кој не се симнува од вмровските портали. Грујо, азил, екстрадиција? Ај терај си работа, не ни чини сега тоа.
Следниот ден редица апсења. Директно во врвот на ВМРО. Со копје в око. Оти не помина финтата со реј банот на Грујо и со тоа дали имал и не лисици, па мора да смислиме нешто друго. Да, го работеле тоа со месеци ама ете, баш денеска го сработеле до крај.
И фил на се, Бубе на Катица од СЈО, вмровците ли го предложиле на времето или не, тие си знаат кутрите главички, се жали дека неговата шефица и Обвинителството биле во вештачка кома. Оти тие сакале да гонат и по 18-те месеци, ама не им давале клетите од Врховен. Тоа што законот вели дека не смеат, не му е гајле. Ебеш закон. Ние сме газди.
А, пак да се навратиме, Унгарците, инаку членови на ЕУ, токму вчера им кажаа дека и во тие 18 месеци не правеле ништо друго, освен што вршеле политички прогон. Зашто ајваните не разбраа, дека токму во случаите со Груевски мораа да бидат чисти, а не да монтираат муртински ретардинарни финти за да докажат нешто на „М“. И спротивно, ако случаите на „капиталецот“ Грујо не се чисти, токмаци едни, се друго ви паѓа во вода. Ама да разбиравте, да немавте смокви во главата наместо ак‘л, веројатно и немаше да имате углед на небањати наместо небањатите и обратно.
Но ако ништо друго, сега барем е јасно со потпис и печат на членка на ЕУ, дека ако го гонеле Грујо политички, гонат од ќејф и од политика и стотици други луѓе кои ниту имале врска со „режимот“ ниту имале врска со криминал. Луѓе, кои се „пуштени низ вода“ и кои не служат за ништо друго освен за лечење на фрустрации на корумпирани амбасадори бесни што се фрлени во оваа „вукојебина“, небаре ние сме криви што мајка им и татко им ги направиле, за психичко созревање на неспособни обвинители на кои токму ВМРО им фаќало врски за да станат некаков си „фактор 5 или 10“ за сончање во државава или за „терање“ комплекси од главите на комуњарските глувци кои треба да си ја оправдаат улогата на бедни мизерни стаорци кои имаа улога да го сменат името и, во меѓувреме, да украдат и да легнат нешто.
Оттука, мистер Пломп, кога веќе ја спомнавте маестралноста на Катица во борбата против корупцијата, истата Катица со која се тера мајтап по селски гранапчиња и на трезно и на пијано, и маестралноста на нејзиниот тим, треба да е јасно дека СЈО не одиграло никаква улога во борба против корупцијата. Инаку денес не ќе ја имаше како никогаш повеќе. Целта на кривичното гонење, тоа можеби не е така во Холандија, ама, ете, кај нас е (патем нашето кривично е германско, ене ви ги комшии ви се, па прашајте ги), на прво место е да се спречи криминалот во иднина. Како се прави тоа? Едноставно. Во нашите учебници, има, за разлика од вашите, очигледно, така што ќе се гони тој што направил криминал. Не тој што не направил. Има разлика, нели? Значи, тој што направил, а не тој што не направил. Тоа отприлика значи дека ако некој направил криминал за 8 милиони во Глобал, не може да го поставите за премиер. Па осумте милиони му стануваат играчка. И преку него да ни продавате приказни за борба против корупцијата. Приказна која отприлика е слична на приказната со Би-Би-Си кога ја професионализираше МТВ, па веднаш потоа ни се случи она срамно интервју со Катица Јанева на кое се смееја, Бог да ги прости, и веќе одамна починатите Чкаља, Павле Вуисиќ, хер Жика и Радован трети. Нашиве комедијанти не се смееја, оти и ним смеењето им е набиено во тенкиот дел од танга гаќичките кои навечер пред огледало си ги облекуваат.
Тоа отприлика значи и дека (ако Катица и Бубе не можат тоа да го сфатат, нивните шефови би требало), не може да гоните потчинети, затоа што нивниот шеф крадел. И да се пазарите со шефот, односно да го рекетирате, а да настрадаат потчинетите. Па вие ем пари, ем борба против „корупцијата“. Тоа исто така значи дека не може низ Македонија да се рекетира со снимките. Ух, се извинувам, кога пред некоја година го пишувавме тоа, Заев не прогласи за „непријател бр.1“, а види Бога ти, борците за слобода на медиуми, домашни и странски, одмолчаа. Тоа исто така значи дека не можете да нарачувате политички пресуди, а да глумите правна држава и позитивен извештај, извештај кој потоа ни малоумната новинарска багра што ја плаќате, а ја имате како мравјалник, не може да го покрие.
Всушност по вчера, и тоа не се покрива со никаков Филипче или аспења на Димовски и сл., веќе има и писмен доказ дека СЈО не направи ништо друго освен што одигра улога во уцени, закани, рекетирање… Дека СЈО заедно со оние на Јовевски, одигра улога во осумте вмровци кои еден ден ќе мора да платат за тоа што сме ги ранеле, за тоа што сме ги извадиле од контејнер и од голтари сме ги направиле богаташи (ќе напишев луѓе, ама тоа не се), за на крај да ни го свртат грбот, и ништо повеќе од тоа. Дека СЈО и оние на Јовевски не гонат корупција, туку спроведуваат политички нарачки. Дека пресудите однапред се знаат или накратко кажано, СЈО не направи ништо што треба, а направи се што не треба.
Патем, СЈО и тогаш кога е основано, 12 септември 2015 година, беше неуставно, а неуставно е и денес. Тоа што ние немаме уставни судии, туку имаме шарлатани чии душички се собрани во мрсулосани марамчиња, наместо во страниците по уставно право и во страниците од човечноста и цивилизацијата врз која почива тоа уставно право, не менува ништо. Тоа не го прави СЈО кредибилно. Не го прави институција со почит. Напротив, тоа го прави СЈО рамно на некогашниот башибозук (гледате како историјата се повторува – и турскиот и денешниот башибозук се всушност домашни наемници). Тоа што ние имаме некоја си Кацарска, тоа што имаме газиња со загноени чворчиња на кожата одзади наместо апелациони судии, тоа што… во крајна линија, тоа што го имаме Заев за премиер, а сме држава без премиер, повторно не менува ништо. Тоа не ги прави судиите судии, не го прави Заев премиер, како што ни Хитлер никогаш не бил војсководец, иако водел милионска војска. Ама затоа, затоа што глумел војсководец, отишле курбан најмалку 50 милиони луѓе. И, што би рекле мајтапчиите, има тука нешто нејасно? Што се правите недоветни?
Како што ни кај нашиве милионери, не менува ништо тоа што имаат милиони, а се обични мивки, кои бакнуваат рака на секој сељак и ретард што се допрел до политичка функција, внимавајќи дали го извадат пред него знамето на Македонија или да го скријат, оти додека се удираат в гради како патриоти, патритоизмот им завршува во првиот момент кога ќе им извадите еден цент. Патем, се сеќавам кога ми раскажуваа за еден од таа багра кому и од носот и од уши му испаѓаа и му испаѓаат евра, како своевремено отрчал за Гостивар, буквално скокајќи од маса, кога му рекле дека тој ден Љупче на Снешка од Делчево, премирот на според него бугарска Македонија, ќе биде таму и ќе има можност да му се приближи. Дали ќе може да му ја бакне раката, како што Заев сакаше да му ја бакне на папата, и како што оној несреќник му ја бакна на Бранко, тоа зависи од пликото. Кое мора да стои на горниот џеб од палтото, наместо свилено марамче купено во Милано. Не Милано на Берлускони, туку она на Бетка национале и на Прада. Дуото на нашите соништа.
Вчера Унгарците, денеска Оливер Спасовски и обвинителството на Јовевски, всушност ни покажаа дека доста е веќе. Не удрија по глава, не удрија одзади, ни влепија шамар, заушка, чврга… направија се што треба за да не освестат. Во ред е се тоа, и дека сме Трпе, и дека сме глупави и дека се шиткаме за некаков глуп проект за „чисто да било ова или чисто да било она“, во ред е и тоа дека ова е финта на Заев за да ја избламира опозицијата и да ја извади од колосек па да и се налутат странците, во ред е и тоа дека треба да им се коленичи на ситите тие странци оти ќе не истепаат, во ред е и тоа дека ја вртиме главата настрана на порно филмче, ама дека пет пари не даваме ако си ги продадеме децата во шема полоша и од онаа на времето на релација Шутка-Италија… Се е тоа во ред, се разбираме, ама доста е веќе.