Вкупно 65.675 граѓани од Република Македонија добиле и бугарско државјанство во последните 10 години.

Овие податоци ги изнесе министерката за правда на Бугарија, Десислава Ахладова, на пратеничко прашање во бугарскиот парламент.

Од 1 јануари 2010 година до 22 октомври оваа година поднесени се 77.829 пријави доставени како молби од Македонците да примат Бугарско државјанство.

– Во последните 10 години, нашата земја издаде најмногу пасоши на жителите на нашиот сосед во 2010 година, вкупно 11.724 примероци, а најмалку се издадени во 2013 година, само 2.171 пасоши, рече Ахладова.

Во текот на оваа година, бугарски пасош добиле 6.712 Македонци.