Револтот на Македонците и граѓаните на Република Македонија од политиката на претседателот на Владата, Зоран Заев, не спласнува.

Деновиве социјалните мрежи вријат од незадоволни граѓани, гневни од понижувањата што Македонија ги доживува со оваа власт предводена од Заев.

Така денеска преку транспарент поставен на подвозник во Скопје (од центарот кон населба Кисела Вода) порачаа: „Заев е тешка геостратешка грешка“.

Алузијата на транспарентот е на изјава од Заев во медиумите за тоа дека „геостратешка грешка е ветото од Бугарија за Македонија во ЕУ“.