Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети се надева дека во јуни Македонија ќе добие датум за преговори со ЕУ.

Одговорајќи на новинарско прашање кој е планот Б ако не се добие датум во јуни, Ахмети деенска изјави дека тој не е од кампот на скептичните и оти се надева дека ова прашања ќе добие позитивен епилог.

– Има доволно активности, како од нашите пријатели од меѓународната заедница, но исто така мостовите на комуникација меѓу двете држави се функционални. Очекувам епилогот да биде позитивен, изјави Ахмети, при учеството на промоцијата на книгата „Арбрешите помеѓу реалноста и митот“  во Општина Чаир.

Ахмети: Со бојкоти и блокади нема да напредуваме

Блокади и бојкоти не се категорија за напредок на демократијата, која се унапредува со дебати и компромиси, изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети коментирајќи ги најавите за блокада на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

– Мислам дека ние сме држава која има прогрес во овие вредности. Не мислам дека бојкотот и блокадите ќе ни служат за да одиме напред, додаде Ахмети, одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на книгата „Арбрешите помеѓу реалноста и митот“ во организација на Општина Чаир и во соработка со Институтот за духовно-културно наследство на Албанците.

Осврнувајќи се на барањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за лидерска средба, Ахмети посочи дека нема ништо лошо во средби, под услов тие да не бидат условувани и со наметнување на теми, туку за одредени и важни прашања поврзани со напредокот на политиките на државата.

– Во ова прилика сакам да истакнам дека е важно да има средба и консултации како да се затвори прашањето со Бугарија, спор кој не спречува кон напредокот и почнувањето на преговори со ЕУ. Сигурно ние е потребен политички и етнички консензус во државата. Решавањето на овој проблем ги зацврстува стабилноста, мирот, безбедноста и релаксирањето на односите меѓу соседите, истакна Ахмети.

Тој потенцира дека многу пати досега повторил оти мирот, стабилноста и безбедноста на една државата зависат и од односните изградени со соседите, бидејќи злото прво доаѓа од соседите.

– За ова ситуација може да има дебата и средба. Но, не и за блокади. Затоа што блокадите и бојкотот значат пречка во напредокот на понатамошните процеси на државата, изјави лидерот на ДУИ.