Хрватскиот и македонски писаел и поет, Алдо Климан, денеска на својот профил на Фејсбук објави коментар во врска со вчерашниот конгрес на владејачкиот СДСМ.
Објавата на Климан ја пренесуваме во целост:
„СВИЊА САКА ТИЊА“ (М. Цепенков)
Кадровско зуење во маларичното легло на заевските комарци.
Едно маларично мочуриште, колку и да му ја мешаш калта, колку и да му ја вртиш и да му ја превртуваш валканата отровна тиња, секогаш ќе остане само опасно, гнасно, заразно место, живо легло на смртоносни маларични комарци, а пак смрдливата тиња ќе си остане само смрдлива тиња. Но „свиња сака тиња“, вели нашиот народ.
Ете, толку за „конгресното“ кадровско зуење и мелиорација на приватното сдсмовско калливо мочуриште на свињогоецот Заев, и за најавениот настап на неговите, како што ги нарече, „нови млади идеи“.
Маларичните, тињави мочуришта не можат да се „поправат“, да се „подобрат“, ниту пак да се „регенираат“ самите себеси. За трајно решавање на проблемот на таквите опасни, заразни, маларични, национално и државно смртоносни мочуришта, постои само едно единствено сигурно средство – ФЛИТ за главнокомарецот и за неговото „младоидејно“ легло!
Калта, мочуриштето и маларичните комарци веќе предолго, цели престрашни четири години царуваат во Македонија и врлуваат низ нашите животи, не престануваат бесно да ни се залетуваат во очите, во ушите, во дишните патишта, опасно и болно да нѐ касаат, да трујат сѐ наоколу, и да шират тешка реа, смртоносна зараза и најстрашни морални болештини.
Навистина ни се дојдени преку глава, и нема веќе да дозволиме, вака унесреќени и понижени, и натаму да глибиме низ таа нивна непрегледна и безизлезна длабока тиња само затоа што една „свиња сака тиња“!
Решението гласи: темелно исушување на мочуриштето, и ФЛИТ за комарчиштата!