Шилегов е најдобриот градоначалник што досега го имало Скопје, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој беше гостин во синоќешната дебатна емисија Клик плус на ТВ 21.

Тој, меѓу другото, се осврна на битката за градоначалник на Скопје во вториот круг од локалните избори и го испофали кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов.

– Шилегов работеше доста во својот мандат. Доста проекти се реализирани. Тој е еден од најдобрите градоначалници. Шилегов треба да победи во Скопје, рече Ахмети.

ДУИ е коалиционен партнер на СДСМ и во централната власт и на локалните избори.