Министерот за здравство Азир Алиу денеска на свечената академија, што се одржа во Тетово, во организација на Сојузот на здруженијата на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“, рече дека оваа недела е потсетник на огромната улога што медицинските сестри и акушерки ја имаат во здравствениот систем и во општеството во целина.
Вашата професија не е само работа, туку секојдневна грижа, посветеност, хуманост и поддршка за пациентите и нивните семејства. Вие сте столбот на здравствената заштита. Без вашата стручност, пожртвуваност и човечки пристап е невозможно да се замисли квалитетен здравствен систем – од превенција и дијагностика, до лекување, рехабилитација и нега, истакна Алиу.
Во обраќањето тој ја нагласи и заложбата за континуирано унапредување на условите за работа, професионален развој и зајакнување на кадарот во јавните здравствени установи. Воедно, Алиу упати благодарност до сите медицински сестри и акушерки за нивната посветеност, професионалност и секојдневна грижа за пациентите, соопшти Министерството за здравство.




