Од вчера до 14 јуни, Македонија е домаќин на 17. Меѓународен стоматолошки конгрес К4, еден од најзначајните стручни настани во областа на денталната медицина во регионот.
Конгресот е во организација на Стоматолошката комора на Македонија, а годинава за првпат се одржува под покровителство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
Свеченото отворање беше синоќа, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје. На настанот присуствуваа претставници од денталната медицина, високи делегации од земјите во регионот, како и претставници на државниот врв.
Присуствуваше и директорката на Интитутот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска која по професија е доктор стоматолог. Таа упати честитка по повод 30 години Стоматолошка комора на Македонија,
Во текот на Конгресот ќе учествуваат бројни стоматолози, експерти и професионалци од областа на денталната медицина, кои ќе разменуваат искуства, знаења и најнови достигнувања во струката.




