Во врска со иницијативата за вонреден Конгрес на т.н. Иницијативен одбор познат и како „Мериот коалиција“, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски, по вечерашната седница на ЦК на партијата, на новинарско прашање одговори:

Ова е добра прилика за последно прочистување на редовите на ВМРО-ДПМНЕ, расчистување меѓу актуелното раководство и поранешните функционери кои се предводени од Зоран Заев. ЦК за ваква иницијатива расправаше уште пред неколку месеци и ендогласно донесе одлука за отфрлање на иницјативата која беше промовирана уште тогаш и согласно статутарните овластување што ги ма и согласно членот 29 ст. 4 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ и овој пат ЦК се заложи за почитување на статутарните одредби.

Би сакал да истакнам дека наш противник е Зоран Заев и продолжување кон рушење на хибридниот режим во РМ и во таа борба за нас се добредојдени сите граѓани кои се надевам во се погоем број ќе ни приклучуваат.