Граѓаните имаат поголема доверба во претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во однос на премиерот на владата од СДСМ Зоран Заев покажува анкетата објавена од интернет страната Рејтинг.мк.

Според резултатите од истражувањето дури 30,78 проценти од граѓаните имаат најголема доверба во лидерот на опозицијата Мицкоски, додека пак 25,4 проценти има Заев.

Веднаш по нив се наоѓа коалицискиот партнер на СДСМ, претседателот на ДУИ Али Ахмети со 13,93 проценти, лидерот на Алијансата на албанците Зијадин Села со 11,80 проценти и двајцата претседатели на поделената БЕСА Африм Гаши 6,01 и Биљал Касами 5,94 проценти.

Според дел од експертите зголемениот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ како и се поголемата доверба во Мицкоски е поради зголемениот активизам на терен, кампањата која што се спроведе изминатиот период разговори за обнова на Македонија, како и поради почестите прес конференции од страна на првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Свое позитивно влијание во трендот за раст на рејтингот изминатиот период имаше и гласното барање на Мицкоски за бескомпромисна борба со корупцијата и криминалот од стрна на високи функционери на владата на СДСМ, како и барање за воспоставување на правна држава и владеење на правото.