Читател се јави во редакцијата на Денешен кој побара да се објави апел за помош за момчето кое вчера настрада од струен удар на железничката станица во скопско Трубарево.

Момчето се наоѓа во Клиничкиот центар во Скопје.

– Потребен е хеликоптер за транспорт до Словенија за детето што изгоре од струен удар вчера на железничката во Трубарево. Објавете апел за помош. Моментално е на ургентно одделение во Државна болница, апелира читателот Иван Коциев.